X
 21.05.2015 Образование

Младите лекари реагираат: Новите реформи се штетни за студентите по медицина



Голем број на забелешки на студентите по медицина, кои одржаа трибина за последиците од Законот за медицинско усовршување и измените во Законот за здравствена заштита. Законски нелогичности полни со санкции и директно мешање на Министерството за образование во автономијата на Медицинскиот факултет. Откако ресорното министерство ги осмислило и спровело мерките за контрола на лекарите, направило лош обид да ги став под контрола и идните студенти по медицина, како и специјализантите.

Владата упаѓа во автономијата на медицинскиот факултет, реагираат младите лекари, како и студентите, практикантите и специјализантите, од овој факултет при универзитетот Кирил и Методиј. Затоа тие бараат од Владата и Министерството за здравство да го преиспита Законот за медицинска едукација и континуирано стручно усовршување. Од студентскиот пленум велат дека бараат при носењето на новините да бидат вклучени и тие затоа што со сегашното решение студентите, специјализантите и младите доктори имале премногу активности, а малку време.

„ Овие реформи ќе донесат големи оптоварувања дури и штетни за студентите по медицина. Од друга страна Законот за здравствена заштита каде се опфатени специјализантите и за тоа ќе се дискутира. На специјализантите им кратат многу работи, дури би рекла дека се злоупотребени од социо- психолошки аспект. Но, и како вработени не се осигурени, немаат никаква заштита од некоја штета со која би се соочиле од овој закон. Овие реформи многу ќе чинат за во иднина, а пак истите финансиски средства можат да се користат во други сектори во здравството, каде има суштинска потреба, како и други аспекти во образованието“, рече Сијандра Сејфулаху – студентски пленум, пренесува Алсат.

„Тие мора да работат 5 дена во неделата по 8 часа дневно, да имаат неделно едно дежурство од 12 часа, мора да постетуваат курс по англиски и втор странски јазик по нивен избор. Со тој закон ни се одредува полагање стручен испит од страна на лекарската комора и тоа ја уништува нашата автономија“, вели Матеа Јовановска – студентски пленум.

Студентите на денешната трибина ги поканиле и нивните професори. Дел од професорите дојдоа и ги поддржаа студентите во барањата, дел пак им дале поддршка, но не сакале да присуствуваат на трибината. Како што велат од Студентскиот пленум по кристализирање на проблемите ќе бараат од министерствата за здравство и од образование да ги разгледа барањата и заеднички да се најдат решение за промена на спорниот закон.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование