X
 21.05.2015 Технологија

Најдобар таблет со тастатура за вашиот ваучер!

ДРАГИ наши Студенти,

Непосредно пред пуштањето на ваучерите кои ги доделува Владата за сите вас, решивме да ви издвоиме дел од една прекрасна понуда на таблети кои би биле одличен избор за секој студент. За таа цел направивме кратки тестови на уредите и издвојуваме најдобар избор на таблет според цена – перформанси.

КАРАКТЕРИСТИКИ (Клик за поголема резолуција)


1. Acer Iconia A1-840 - Таблет кој ни остави врвни импресии. Не секој андроид уред може да се пофали со моќен intel процесор спакуван во алуминиумско куќиште со одличен дизајн.

Целокупната ефикасност од системот е на високо ниво, можете да бидете сигурни дека ќе може да се носи и со „Потешки“ апликации. Осум-инчниот дисплеј со мултитаскинг фунција овозможува работење на него без поголеми потешкотии. Има одлична брзина за Wi-Fi конекција и брз прелистувач кој поддржува HTML5.

Камерата и звучникот го поминаа тестот успешно. Јасно ни е дека од таблет не се бара квалтетна слика и сараунд звук со длабоки басови, но се она со што може да се пофали Acer Iconia A1-840 е 5MP камера која на дневна светлина дава задоволителни слики и звучник кој не е ништо послаб и полош од конкурентните уреди во овој ценовен ранг. За само 400ден. можете да добиете и футрола со тастатура и да го претворите вашиот таблет во удобен портабл уред.

Да резимираме. Со право може да кажеме дека Acer Iconia A1-840 е одличен избор за сите оние кои се во движење и секогаш со себе сакаат да носат уред кој нема да ги изневери. Батеријата во режим на работа може да издржи до 5,5 часа.

2. ASUS Fonepad FE170CG – 7-инчниот преставник од ASUS покажа за нијанса послаби резулатати. Можеби една мала мана му е камерата поради кој уредот го сместуваме малку подолу во пирамидата. Има Dual Core процесор на 1.20 GHz кој е сосема доволно за корисници со по- скромни побарувчки. Има одлична Wi-Fi интернет конекција и поддржува HTML5. Користи последна верзија на андроид и ZenUI како интерфејс кој го прави позабавен од класичниот многу употребуван андроид интерфејс. Она што е вистинско изненадување нај овој таблет секако е батеријата која може да издржи до 8 часа работа, или до 3.5 часа гледање на филм.

ASUS Fonepad FE170CG има можност да го користите и како телефон поради можноста да ставите две сим картички и да користите 3G интернет.

Се на сé Fonepad е уред наменет за корисници кои сакаат се да им биде при рака, а да немаат повеќе од еден уред. Можете да го користите како телефон или како таблет. Како додаток можете да користите футрола со тастатура за олеснета навигација.

3. Samsung Galaxy Tab 3 Lite - одличен 7-инчен таблет со TFT дисплеј, и кој работи врз основа на оперативниот систем Андроид 4.4 со Quad Core процесор и работна фрекфенсија од 1.2GHz. Кај овој модел изоставена е предната камера, додека задната е незадоволителни 2MP.

Внатрешната меморија е 8GB со можност за надградба со мемориска картичка до 32 GB. Гигантот Samsung, со овој модел е застапен на пазарот од ниска и средна класа и држи добра позиција. Квалтетна 3.600mAh батерија која издржува и до 6 часа активно користење.

Она со што овој модел ги привлекува корисниците е 3G мрежата преку која можете да користите интернет и неговата компактност и елегантност.

За крај: Samsung Galaxy Tab 3 Lite е уред за корисници кои веруваат во веќе докажаниот квалитет и перформаси на Samsung, а немат потреба од прескапите премиум уреди на пазарот. Портабилноста и добрата батерија се она со што Samsung може да се гордее.

4. Lenovo B6000 Yoga – Таблет кој никого не остава рамнодушен. Уникатен дизајн со јака батерија и 4.2 верзија на андроид го прави сигурен конкурент за тронот, но она со што подвалува е тежината и одсуството на 3G. Ултра моќната батерија од 6000 mAh и 5MP камера се совршен пар за правење на незаборавни фотографии каде и да одите, а комбинацијата од 8-инчниот IPS дисплеј прави истите да изгледаат реално.

Со ваучер и доплата од 1500ден. можете да ја имате оваа слатка и тенка Yoga.

Lenovo го направи B6000 Yoga совршен уред за оние кои се речиси постојано во движење и треба да останат поврзани со нивните семејства и да работи цело време. Исто така е најдобар одговара за оние кои сакаат да ги користат најновите high-end уреди кои се забавни и функционални.

Ако сте од новата генерација, кои речиси живеат 24x7 онлајн и се страствен корисници на социјални мрежи, овој таблет е соодветен избор!

Од личните искуства и импресии додека ги тестиравме таблетите, и сега откако ни легнаа и ни се средија мислите, дојде време да го прогласиме победникот од оваа битка.

Златниот медал го доделуваме на Acer Iconia A1-840. Како победник во категоријата најдобар избор цена-перформанси!

БОНУС

Доколку сте корисници кои сакаат повеќе и повеќе... тогаш има вистински сериозни решенија и за вас.

Со ваучер и доплата од 2500ден. можете да го добиете ASUS Transformer PAD ME103K-1A030A, црн или бел по ваш избор.

Со ваучер и доплата од 2000ден. можете да го земете Lenovo IdeaTab A10 10-инчен таблет со моќен IPS дисплеј.

Со ваучер и доплата од 6500ден ќе до добиете еден од водечките таблети во премиум класата Samsung Galaxy Tab 4 SM.

Сите овие прекрасни таблети може да ги најдете во продажната мрежа на Сетек Се Од Техника во сите салони низ Републиката и се надеваме дека лесно и брзо ке ја одберете ја вашата добитна комбинација.Повеке инфо на: www.setec.mk

Секогаш Ваши,
Itech Solutions.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија