X
 23.05.2015 Наука

Зошто сме лоши во помнење нови имиња?

Постои една едноставна причина зошто лесно се забораваат имињата на новите познаници: Имињата се безначајни.


Експертите сметаат дека колку повеќе патишта водат кон одреден спомен, толку е полесен за помнење, а тоа едноставно не се случува често природно со имињата. На пример, дури и деталите кои наизглед се мали, како времето ќе бидат полесни за помнење како настани што се случиле тој ден отколку името на новиот познаник. Имињата не му даваат на мозокот многу информации за чување покрај нив.

- Имињата немаат специфична информација во нив. Доколку вашиот мозок не може да поврзе повеќе информации, веројатно ќе ја заборавите таа информација, вели научникот од „ASAP Science“ во видеото подолу.


Токму затоа, многу полесно ги помниме професиите (бидејќи формираме ментална слика на лицето како ги извршува работните задачи). Повеќе за ова во следното видео.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука