X
 26.05.2015 Економија

Минималната плата во градовите низ светот

Како се движи минималната плата во градовите низ светот? Во многу земји минималната плата се менува во зависност од индустријата, нивото на вештини и секако, регионот. Погледнете како стандардите се разликуваат во некои градови низ светот.

 

plata


8. Астана, Казахстан - 0.69 долари на час,  121.39 казахстански тенге

Месечна плата: 21.364 казахстански тенге месечно за работна недела од 40 часа. Минималната плата во Казахстан е иста како во Лусака, Замбија.

7. Каиро, Египет - 0.94 долари на час, 157.27 египетски фунти

Месечна плата: 1.200 египетски фунти месечно за работна недела од 42 часа. Египет е рангиран некаде на средина за просечна минимална плата на Блискиот Исток, со Израел како земја со највисока минимална плата од 1.140 долари месечно и Јемен со 75 долари месечно како една од најниските земји.

6. Џакарта, Индонезија - 1.29 долари на час, 16.875 индонезиски рупии

Месечна плата: 2.700,000 индонезиски рупии месечно за работна недела од 40 часа. Во Индонезија минималната плата варира во зависност од регионот.

5. Скарборо, Тобаго - 2.37 долари на час, 15 тринидад долари


Месечна плата: 2.400 тринидад долари месечно за работна недела од 40 часа. Од септември 2014 година, владата на Тобаго гласаше за зголемување на минималната плата од 12.50 на 15 долари на час.

4. Сао Паоло, Бразил - 5.89 долари на час, 17.9 бразилски реали

Месечна плата: 788 бразилски реали месечно за работна недела од 40 часа. Бразил продолжи да ја зголемува минималната плата од 724 до моменталните 788 бразилски реали. Како што се зголемува нејзината економија, така се зголемува и нејзината минимална плата.

3. Чикаго, Илионис, Америка -  8.75 долари на час

Месечна Плата: 1.400 американски долари месечно за работна недела од 40 часа. Минималната плата на Чикаго е повеќе од долар над федералната плата која изнесува 7.25 долари. Од 1 јули 2015 година, минималната плата ќе се зголеми на 10 долари на час, а 13 долари на час во 2016 година.

2. Париз, Франција - 10.69 долари на час, 9.61 евро

Месечна плата: 1.457,52 евра месечно за работна недела од 35 часа. Французите често пати се нарекуваат мрзливци поради тоа што не работат „доволно“ часови, а секоја работа над 35 часа се смета за прекувремено.

1. Сиднеј, Австралија - 16.87 долари на час, 16.87 австралиски долари

Месечна плата: Сиднеј е највисоко рангирана на листата за градови со највисока минимална плата со повеќе од 13 долари на час. Со новите зголемувања на платата на 15 долари на час во Америка, Австралија повеќе нема да биде највисока. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија