X
 27.05.2015 Образование

Како идните студенти се одлучуваат за факултетот кој е најдобар за нив?

Во моментов, дел од студентите веќе знаат што ќе студираат. Како стигнале до таа одлука? Дознаваме од резултатите од анкетата која ја направивме. Во неа учествуваа речиси 500 идни студенти од земјава.

Тие беа прашани како се одлучиле што да студираат:

1. Ги следев своите интереси;
2. Проценив што може да биде најисплатливо;
3. Таму каде што ќе биде поголемиот дел од друштвото;
4. Моменталната финансиска состојба беше главниот фактор;
5. Одлуката ја донесов на друг начин. Како?


Гледаме дека најголем дел од студентите ги следеле сопствените интереси во изборот на факултетот (60%), а голем дел од нив (30%) се запишуваат на одреден смер поради исплатливоста.  7% од нив се одлучиле за насоката поради моменталната финансиска состојба, 1% од нив го сториле тоа поради друштвото, а 10% на друг начин. Како?

„Се двоумев помеѓу две области што ме интересираат и конечната одлука ја донесов според тоа што ми е поисплатливо.“ 


„Проценив што од она што ме интересира ми е најисплатливо.“



ЛИНК ДО ЦЕЛОСНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование