X
 27.05.2015 Образование

Колкав дел од матурантите знаат што ќе студираат?

Голем дел од матурантите веќе знаат каде ќе го продолжат своето образование, а дел од нив знаат и на кој факултет. Ова го дознаваме од резултатите од анкетата која ја направивме неодамна, во која учествуваа малку помалку од 500 идни студенти.

На прашањето „Дали сте одлучиле што сакате да студирате?“, студентите требаше да одговараат:

1. Да, се одлучив;
2. Се двоумам помеѓу две или три области;
3. Се уште немам идеја.


Како што гледаме, матурантите се поделени. Малку повеќе идни студенти веќе знаат што сакаат да студираат (48%), а најмал број сè уште немаат ниту идеја за насоката на која би се запишале.

Забележуваме разлики во однос на резултатите од истата анкета направена пред две години, кога дури 77% од идните студенти знаеле што ќе студираат во истиот период од годината.

ЛИНК ДО ЦЕЛОСНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование