X
 29.05.2015 Наука

НАСА распиша конкурс за изградба на куќа на Марс и Месечината

Иако сè уште немаме пронајдено ниту еден доказ за постоење на живот на Марс или на Месечината, Американската вселенска агенција распиша конкурс 3ДПХаБ (D Printed Habitat Challenge) за да биде сигурна дека идните жители на сателитот и црвената планета ќе имаат кров над главата.


Проектот 3ДПХаб, кој е во рамките на програмата „Предизвици на векот“ на НАСА, предвидува развој на технологија за изградба на дом надвор од нашата планета со користење на локални ресурси и материјали кои може да бидат рециклирани. Целта е времена изградба на домови за колонистите кои еден ден ќе се населат на Месечината и Марс.

- Планот е на Месечината и Марс да се испратат машини за изградба кои ќе ги изградат домовите наменети за луѓето, се наведува во соопштението од НАСА.

Во првата фаза од конкурсот, кој ќе биде отворен до 15 јули, од заинтересираните кандидати се бара да замислат реалистични архитектонски решенија во 3Д, а победникот на конкурсот ќе добие чек од 50.000 американски долари.

Втората етапа, во која победникот ќе добие 1,1 милиони долари, ќе биде посветена на технологиите за 3Д-принтање и технологиите за комбинирање увозни и локални материјали, додека во третата фаза ќе се стави акцент на изградбата на градби со помош на наведените технологии.

Повеќе информации за конкурсот пронајдете ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука