X
 04.06.2015 Образование

Демант од Државниот студентски дом - Скопје во врска со лифтовите во студентскиот дом "Гоце Делчев"

Државниот студентски дом – Скопје реагира на прилогот објавен во врска со функционалноста на лифтовите во студентскиот дом “Гоце Делчев“ и во врска со недостигот на храна во  студентската менза и продавница.Демантот ви го пренесуваме во целост

Би сакале да информираме дека дефектот на лифтот во блок В е настанат пред 3 дена, а не пред 30, како што се наведува и дека во тек е замена на потрошните материјали, односно резервни делови, така што истиот ќе биде ставен во функција во најкус можен рок. Истовремено, потсетуваме дека во тек е процес на етапна реконструкција на студентскиот дом “Гоце Делчев“,  која започна со темелна обнова на блокот Б, по што ќе бидат опфатени и сите останати објекти, вклучувајќи и замена на лифтовите во нив. Во таа насока апелираме на трпеливост, со оглед на тоа што се работи за капитална и подолгорочна активност.  

По однос на недостигот на храна, исто така, известуваме дека се работи за шпекулација, имајќи во предвид дека дистрибутерите на храна во домот редовно и навремено ги извршуваат договорените услуги.  

Апелираме до сите медиуми за проверка на состојбите, пред да биде објавен било каков натпис, во кој ќе нема информација од Државниот студентски дом – Скопје.  

Со почит,
Државен студентски дом - Скопје

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование