X
 04.06.2015 Интервјуа

Интервју Никола Чаковски, добитник на третата награда на најголемиот светски натпревар на CISCO


 
Никола Чаковски од Охрид е добитник на третата награда на најголемиот светски натпревар NetRiders на Cisco. За оваа престижна награда , Никола се избори во конкуренција од вкупно 306 натпреварувачи – финалисти од цела Европа и Русија, Можноста да биде дел од овогодинешниот NETRiders, Никола ја доби преку Академијата за Мрежни инженери на Сеавус едукативен и развоен центар и Сеавус Александрија, каде во моментов студира и активно работи на неколку студентски проекти, надевајќи се дека по комплетирањето на академијата, ќе стане успешен мрежен инженер.

Оваа година, Никола е добитник на третата награда на нaтпреварот oрганизиран од CISCO – Netriders и добитник на ваучер од CompTIA, како и награда од Сеавус едукативен и развоен центар. Како дојде до идејата да се пријавиш на овој натпревар?

Нашиот инструктор и координатор на Академијата за компјутерски мрежи во Seavus Alexandria, Тони Тодоров, ја презентираше идејата за натпреварот Netriders и го претстави предизвикот пред целата наша група, охрабрувајќи не да аплицираме и да го покажеме стекнатото знаење. Во тој момент, веднаш посакав да учествувам во овој натпревар и заедно со уште четворица од мојата група, влеговме во потесен избор, секако посакувајќи и надевајќи се и на солиден пласман во финалето и покрај огромната конкуренција

Што всушност, значи оваа награда и како се одвиваше натпреварот?

На овој натпревар, дозвола за да се регистрираат имаа само студенти кои го имаат следено курсот на IT Essential. Натпреварот беше одржан на ниво на ЦИС регионот, Европа и Руска Федерација, што секако претставуваше огромен предизвик за нас. Полагањето се одржа на 21 април годинава во Сеавус едукативен и развоен центар, односно Seavus Alexandria, и траеше околу еден час при што требаше да одговориме на 60 прашања од областа на хардвер- софтвер и основа на комјутерски мрежи и Packet Tracer. Се пријавивме петорица од мојата група, каде во вториот круг учество обезбедивме само четворица. Вториот дел од натпреварот беше на 11 мај и повторно се состоеше од тест од 75 прашања кој требаше да се одговори за 60 мин и десет прашања од Packer Tracer за 30 минути. Резултатите oд натпреварот беа јавно објавени на официјалната страна на Netriders.

Кое место го освои и што всушност значи оваа награда?

Јас го освоив третото место на овој натпревар, од 306 учесници што е своевидно огромно достигнување. Покрај успехот, добива и наградата- вредносен ваучер за полагање на меѓународен сертификат од CompTIA A+. Овој сертификат е од големо значење и може да се употреби за аплицирање за работно место во областа на техничка поддршка. Дополнително, награда добив и од Seavus едукативен и развоен центар за успешното претставување.

Кои се твоите планови за понатаму?

Следната година ќе продолжам со своите студии во Seavus едукативен и развоен центар, односно Seavus Alexandria, на насока мрежен инженер. Во меѓувреме, ќе ги полагам и меѓународните сертификати во оваа насока. Се надевам ова при ова ќе ми помогне при креирање на мојата професионална иднина. Исто така, би сакал да се заблагодарам на целиот тим од Seavus Alexandria за поддршката, особено на координаторот и инструктор Тони Тодоров за неговата помош и безрезервна поддршка во текот на моето студирање и овој натпревар.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Интервјуа