X
 04.06.2015 Образование

МОН: Сите прашања коишто се дел од процесот на екстерното тестирање се изведени и изготвени согласно наставните планови



Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, денес во 9:30 часот започна процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 43.613 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование.

Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, процесот се реализира непречено и согласно акцискиот план и дефинираната динамика, при што, заклучно со 12:00 часот истиот е целосно заокружен во 103 основни и средни училишта. До овој момент нема пријави за технички или проблеми од каква било друга природа.

Во контекст на натписите во дел од медиумите посветени на прашањата кои се дел од процесот на екстерното тестирање на учениците, апелираме на понатамошна коректност во информирањето и елиминирање на сите обиди за нивно квалификување како нелогични и несоодветни за учениците на одредена возраст, или пак, во краен случај додавање на политичка конотација на содржината.

Би сакале да информираме дека сите прашања коишто се дел од процесот на екстерното тестирање се изведени и изготвени согласно наставните планови, програми и цели. Истите се прилагодени на возраста на учениците и развојните карактеристики на соодветната возраст.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование