X
 04.06.2015 Издвојуваме

Руската Претседателска Академија преку Факултети.мк ги отвара вратите за студентите од Македонија



Студирајте во Москва на престижната Руска академија за национална економија и јавна администрација (RANEPA)

Факултети.мк отсекогаш се трудел да биде вистинското место за информации, за секој кој сака да се едуцира, надградува и да биде во тек со светските научни и образовни тенденции. Имаме соработка со голем број на домашни и светски признати универзитети, пласираме објективни и интересни информации, што е причина за големиот број на посетители на дневно ниво. И понатаму ќе се трудиме да бидеме образовна порта кон светот за многу млади луѓе, но и за сите оние кои сакаат да се надградуваат. Ова го препозна и Руската претседателска Академија за национална економија и јавна администрација, која важи за една од најдобрите академии во светот

Со цел промоција на можностите за студирање во Русија, престижната Руска претседателска Академија за национална економија и јавна администрација, потпомогната од македонскиот интернет портал за образование и наука, факултети.мк, ќе реализираат активности со кои на потенцијалните студенти ќе им ги доближи можностите за едукација на еден од водечките универзитети во Русија, и во светот.

Преку различни информации кои ќе бидат објавени на www.fakulteti.mk потенцијалните студенти од Македонија и Балканот ќе можат да се информираат за можностите за студирање на овој реномиран универзитет, кој не само што ќе им отвори нови можности за вработување и напредок во кариерата, туку пред се влијае на поттикнување на индивидуалните таленти на секој поединец. За студентите од Македонија, за академската 2015/2016 година подготвени се и специјални промотивни пакети за Мастер студии, на кои наставата ќе се одржува на англиски јазик. Наставата ќе се одвива според најдобрите руски и европски пракси, кои во фокусот го имаат развојот на индивидуалните таленти создавајќи врвни експерти по ефективен менаџмент. Рускиот образовен систем важи за еден од најдобрите во светот, со илјада годишна богата традиција, од таму потекнуваа многу врвни истражувачи, светски познати јавни личности кои оставиле трага во светската историја.

Илјадагодишното искуство на богатата руска историја каде се вкрстувале специфичностите на над 200 различни народи, на најдобрите руски и европски пракси, кои севкупно треба да овозможат развивање на таленти за имплементација на ефективен менаџмент. Руска претседателска Академија за национална економија и јавна администрација- RANEPA, е под покровителство на Претседателот на Руската Федерација и важи за лидер меѓу универзитетите во Русија, кога станува збор за едукација во области како јавна политика, економија, јавна администрација, бизнис администрација и менаџмент.

Претставува прва академија во Русија која ја воведува МБА програмата и која добива интернационална МБА акредитација, каде и се образувале најголем дел од официјалните владини претставници. Предавања држат топ менаџери и извршни директори на најголемите руски компании, како и професори од неколку од најпрестижните универзитети во светот.

Најдобар начин да ја предвидете вашата иднина, е самите да ја креирате!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Издвојуваме