X
 05.06.2015 Култура

Нолан повторно се обидe да го објасни крајот на филмот "Inception"

film

 

„Inception“ беше еден од најконфузните филмови на деценијата. За некои претерано добар, за некои просечен и на моменти досаден филм - сето ова во голема мера се должи на инсистирањето на Кристофер Нолан, режисерот на филмот, работите да бидат непотребно комплицирани.


Сон во сон, во сон, во сон. И секако, колку повеќе навлегува во јамата на конфузијата, крајот не може да биде нормален.

Дали Леонардо ди Каприо излезе надвор од сонот или и понатаму бил заглавен во потсвеста? Дали конусот се заврти? Со години фановите водат дискусија што всушност се случило. А Кристофер Нолан сега одлучи да ги искомплицира работите уште малку. Како да не ни беше доволна целата конфузија досега.

Имено, за време на завршниот говор на Универзитетот Принстон во понеделникот, во обид да ги инспирира дипломците за нивната иднина, Нолан го спомна крајот на „Inception“ иако повторно не успеа да објасни што се случи во филмот.

„На Каб му е сеедно. Сите нивоа на реалност се точни. Камерата го поминува конусот токму кога треба да видиме дали ќе се заврти. Поентата е, објективно, ова е важно за публиката во апсолутна смисла: иако го гледам, знам дека е фикција, но и некој вид на виртуелна реалност. Но, прашањето е, дали е тоа сон или реалност. На луѓето им е важно тоа бидејќи целата поента е реалност. Реалноста е важна“, стои во говорот на Нолан.

Всушност, Нолан не кажа ништо. Она што тој го тврди е дека одговорот воопшто не е важен. Важа е причината зошто луѓето сакаат да го знаат одговорот. 

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура