X
 05.06.2015 Живот

Тест кој ќе ви открие колку вашиот мозок лошо ги помни нијансите на боите

1

 

Човечкиот мозок разликува милион бои и во тоа не може да згреши, меѓутоа кога доаѓа за помнење на едноставни нијанси, нашиот мозок едноставно се буни.


Причината за тоа треба да се бара во фактот што нашиот мозок го чува она што го гледаме само во неколку основни бои. Проверете сами - обидете се да се сетите на нијансата која се појави кога ја кликнавте статијата. А потоа обидете се да ја пронајдете на палетата подолу.

Колку и да се трудите, повеќето од вас нема да се сетите за која нијанса точно станува збор. Која е причината? Истражувањето покажа дека иако нашиот мозок разликува милион различни бои, кога тој е принуден да се потсети на некоја нијанса, тогаш започнува проблемот.

Нашиот мозок има тенденција да го запомни она што го видел во неколку основни бои. Психологот Џонатан Фломбаум од Универзитетот Џонс Хопкинс вели дека луѓето имаат тенденција да меморираат нијанси во корист на најдобрите верзии на основните бои.

На пример, доколку гледате четири различни нијанси на бои - боја на цреша, виолетова боја и некоја слична боја, и покрај тоа што мозокот ги разликува нијансите, кога треба да ги запамти, тој ќе ја регистрира само виолетовата боја.

 

2


Тоа е причината зошто кога купуваме од сеќавање, поголемиот дел од шопингот завршува лошо.

Во последно време се` почесто се дискутира за тоа дека боите се само илузија. Авторот и научникот Мазвит Чиримуте во својата последна книга „Надвор од боите“ ја изнесува тезата дека боите се само илузија. Таа верува дека она што постои е светлината, а мозокот светлината ја претвора во боја.

„Од сите својства кои предметите ги имаат, бојата лебди меѓу субјективниот свет на чувства и објективниот свет“, вели Мазвит, која е и професорка на Универзитетот во Питсбург.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот