X
 06.06.2015 Живот

Најекстравагантните луксузни хотели кои се`уште се во изградба

Луксузните хотели и туристичката индустрија постојано расте, такашто сведоци сме на се` поголемиот број на отворени хотели и одморалишта.

 

hotel


додека некои пазари во светот се веќе заситени со многу луксузни хотели, места како Кина и Дубаи ги градат се` повеќе и повеќе. Кои се најубавите хотели кои моментално се во изградба? Погледнете во некои од нив и нивната екстравагандна градба.

5. Градот на соништата

 

5


„Град на соништата“ е исклучително неверојатен хотел кој се наоѓа во Макао, а неговите врати ги отвора некаде околу 2017 година. Градот е веќе познат по импресивната архитектура, такашто „Melcro Crown Entertainment“ го повика архитектот/дизајнерот Заха Адид да даде идеја за дизајни. Хотелот ќе нуди 780 соби и апартмани и сите погодности кои очекувате да ги пронајдете во хотел кој изгледа вака.

4. Хотелот на бесконечноста во Кореја

 

4


Корејската фирма за ахритектура позната како „Planning Korea“ го дизајнираа овој неверојатен хотел кој ќе се отвори во пресрет на Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјончхан. Хотелот се наоѓа на плажата во Гангнеунг, а изгледа како симбол на бесконечноста или бројот осум. Хотелот ќе нуди 946 соби, неколку базени и многу други лускузи.

3. Планинското одморалиште Даванг

 

3


Лоцирано во Чангша, Кина ова е место на кое ќе биде сместен неверојатниот хотел со екстравагантен дизајн познат како Даванг. Куп Химелблау го предводи овој неверојатен проект, кој ќе биде масивен хотел, со воден парк и бизнис центар.

2. Интерконтиненталната земја на чудата Шимао

 

2


Уште едно спектакуларно чудо кое моментално е во изградба. Хотелот се наоѓа близу Шангај, а изгледа како хотел од иднината.

1. Кралското Атлантис одморалиште & резиденција

 

1


Овој хотел е еден вид проширување на неверојатниот „Atlantis, The palm“ а е лоциран на еден од вештачките острови во Дубаи. Хотелот ќе има 46 спрата, со уникатен дизајн создаден од „Kohn Pedersen Fox Associates“. Хотелот ќе нуди 800 соби, 250 апартмани и сите луксузни погодности. Се очекува да се отвори во 2017 година.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот