X
 06.06.2015 Живот

Викенд временска прогноза, и какво време не` очекува на почетокот од идната недела



МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во сабота стабилизација на времето. Ќе преовладува претежно сончево, потопло време, но и ветровито. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува доумерен североисточен ветер.

Минималните температури од 7 до 17 степени, а максималните температури ќе достигнат до 22 односно до 33 степени. Воздушниот притисок ќе има вредност околу 1020 хектопаскали, а УВ инедексот ќе биде 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 30 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Да напоменеме дека овие врнежи кои што ги гледате се ќе бидат застапени во западните и југозападните предели. Сепак се работи за врнежи со послаб интензитет но важно е да се споменат. Во недела претежно сончево со локална облачност. Попладне во југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд.

Во понеделник умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне во западните, југозападните и јужните предели со врнежи од дожд. Утринските температури од 9 до 19 степени, а дневните до 19 односно до 30 степени.

Во вторник и во среда во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови развој на нестабилна облачност ќе услови врнежи од дожд во западните, југозапаните и јужните предели. Дневните температури од 21 до 32 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот