X
 08.06.2015 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува до крајот на работната недела?



МАКЕДОНИЈА - Во поголем дел од Македонија во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и малку посвежо.

Претежно облачно но и нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во западна и југозападна Македонија. Услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има и во Тиквешката котлина. Врнежите од дожд ќе започнат во попладневните часови, но во западните предели ќе ги има и во вечерните часови.

Слаб северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува слаб североисточен и источен ветер. Минималните температури од 12 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 18 односно до 29 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо. Слаб северен и северозападен ветер. Минималната температура од 17 степени, а максималната дневна до 26 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник, четврток и петок нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северозападните, западните и југозападните предели. Во останатите предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Пониски утрински температури не очекуваат во вторник, додека во четврток и петок потопло со минимални температури од 10 до 19 степени. Максималните ќе достигнат до 23 односно до 35 степени.

Во среда во цела Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло. Максималните температури од 22 до 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот