Имавме можност да го погледнеме и првиот трејлер за долгоочекуваниот „The Martian“ од Ридли Скот.

Во промо трејлерот, Мет Дејмон, кој го глуми астронаутот Марк Ватни овозможува видео тура на вселенското летало Ares 3, кое треба да однеси човечки екипаж на површината на Марс. Новиот трејлер покажува што се случува после пристигнувањето на екипата: Ватни заглавува на Црвената планета, кадешто мора да користи ограничени ресурси за да преживее додека не пристигне помош.
Три-минутниот трејлер покажува дека Ватни се бори да преживее на мало живеалиште на НАСА на Марс и успешно прави контакт со Земјата. Дали тој ќе се врати дома безбедно, се`уште не знаеме.
Филмот, основан на бестеслерот на Енди Вир кој го носи истото име е во режија на Ридли Скот, а во другите улоги се појавуваат Џесика Честејн и Кејт Мара. „The Martian“ треба да дебитира во кината на 25
ноември.