X
 10.06.2015 Образование

Наставниците ќе бидат казнувани и отпуштани поради екстерното тестирање

Донесени се измените во Законите за основно и средно образование. Имено, според нив, казните за наставниците остануват, но не само финансиските, ами и отказните.


Новите измени имаат цел регулирање на надградувањето на наставниците и нивен напредок во кариерата, како што посочуваат од Владата. Износите на паричните казни ќе бидат помали од претходно најавените. Измените предизвикаа многу реакции од страна на наставниците низ земјата.

Кога станува збор за донесените измени, Наставничкиот пленум смета дека истите се донесени без консултација од наставниците. Освен казни, за наставниците ќе има и награди. „врз основа на објавениот извештај со резултати од спроведената екстерна проверка на учениците, 20 отсто од наставниците кај кои има најмали отстапувања во добиените показатели им се зголемува платата за наредната година за 15 отсто од платата што ја примале, а на 20 отсто од наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели им се намалува платата за наредната година за 15 отсто од платата што ја примале. За вторите се обезбедува соодветна стручна советодавна помош од Бирото“, пишува во законот.

Но она што предизвика најмногу незадоволство кај наставниците е членот 14 од законот „со кој се предвидува на наставникот кој и по две години од добивањето на стручната помош, повторно ќе биде во групата на наставници кај кои има најголеми отстапувања во добиените оценки, му престанува работниот однос. Решението за престанок на работниот однос на наставникот го донесува директорот на средното училиште“, пишува во законот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование