X
 11.06.2015 Образование

Како успешно да го положите тестот TOEFL?

Подготовките за TOEFL тестирањето може да биде доста стресно и застрашувачки, меѓутоа сигурно не е невозможно. Тајната за добрата подготовка дефинитивно лежи во добрата организација и дефинирање на планот за учење, кој е базиран на вашите потреби во согласност со специфичната ситуација.

 

test


Доколку направите добар план и го спроведете во акција, тогаш успехот нема да ви избега.

Еве како да создадете подготовка за план.

Утврдете кој е идеалниот резултат за тестот што сакате да го постигнете

Многу е важно пред да почнете со учење, да знаете каков резултат сакате да постигнете. За упис на одредени студиски програми надвор од нашата земја се доволни пониски поени, да речеме 79, додека другите образовни институции бараат подобри резултати, како на пример 110 поени. Разликата меѓу овие резултати е голема, па затоа морате да имате во предвид која е вашата крајна цел за правилно да го организирате вашето учење. За да дознаете каков резултат на TOEFL тестот од вас се очекува, едноставно посетете ја веб страната на универзитетот за чија програма сакате да конкурирате и пронајдете го делот посветен за студентите од странство. Преку дефинирањето на целите вие ќе создадете ефикасна стратегија за подготовка на соодветен план.

Пресметајте колку време ќе имате на располагање за учење

Имате само месец дена да се подготвите? Или пак шест месеци? За вашиот план да биде ефективен, мора да се заснова на информациите кога се очекува тестот. Поголемиот дел од универзитетите ги примаат новите студенти во декември или јануари наредната година, што значи мора да ги добиете резултатите од тестирањето до средината на октомври. Откако ќе завршите со тестирањето, резултатите од тестот најчесто се достапни на интернет во рок од 10 денови, но можи да се случи да потрае и подолго. Чекањето до последна минута да се положи тестот не е најдобра идеја бидејќи секогаш мора да оставите простор за непредвидени околности.

Направете пробен тест

Пред да почнете да учите, важно е да утврдите кои се вашите слабости, а која е вашата силна страна. Пробниот тест може да ви помогне да откриете во што сте слаби и на што треба повеќе да обрнете внимание. Веб страната ETS нуди официјален пробен TOEFL тест, за цена од 45 долари. После завршувањето на тестот добивате повратна информација за вашите перформанси, извештај за резултатот со детални објаснувања на тоа каде сте најслаби.

Доколку не можете да си дозволите официјален пробен тест, тогаш обидете се со бесплатно тестирање. Вакви тестови има на многу веб страни, иако повратната информација што ќе ја добиете нема да биде еднакво детална. Уште една предност на пробното тестирање е тоа што добивате можност да видите како изгледа вистинскиот тест. TOEFL тестот трае долго, скоро четири часа, што на почеток може да звучи застрашувачки. Ако направите пробно тестирање, нема да бидете изненадени кога ќе дојде време за вистински тест

БЕСПЛАТНА ОНЛАЈН ВЕРЗИЈА НА ТЕСТОТ ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ТОЕФЛ

Направете свој план за учење

После пробниот тест ќе знаете што добро ви оди, а каде треба повеќе да работите. Нека вашата подготовка за тестот започне од најслабите точки. На пример, ако вашето пишување има најслаба оценка, започнете подготовка за тест со вежбање на таа област,  па подоцна на другата послаба област итн.

Вашиот план може да изгледа вака: 1-3 недели: пишување; 4-6 недели: зборување; 7-9 недели: читање; 10-12 недели: разбирање. Запомнете дека вашата слаба страна ќе ја претворите во силна тогаш кога ќе вежбате секој ден.

Пронајдете колеги

Подготовката на TOEFL тестот е како подготовка за битка. Едноставно мора добро да го познавате непријателот. Морате да знаете како да го надмудрите и мора да бидете во добра форма на денот на битката. За да ја добиете битката, пожелно е да имате сојузник, колега со кој полсено ќе поминете низ фазите. Доколку имате некој пријател кој исто така ќе полага TOEFL ќе можете заедно да учите, да разменувате материјали и што е најважно, да се мотивирате еден со друг.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование