X
 11.06.2015 Култура

Најкористените и најраспространети јазици во светот

7-те милијарди луѓе кои живеат на планетава зборуваат приближно 7.102 јазици. Поголемиот дел од луѓето зборува само еден од 23-те службени јазици кои се користат моментално. Алберто Лукас Лопез е генијалецот кој стои зад овој одличен инфографик.


На него се покажува приближниот број луѓе кои ги зборуваат светските јазици (оние кои имаат повеќе од 50 милиони говорници). Резултатите се добиени од страницата „Ethnologue“.

Според нив откриваме дека најмногу говорници има кинескиот јазик. Картата покажува дека кинескиот јазик има дури 848 милиони говорници (кои зборуваат мандарински). Кинескиот го победува англискиот за речиси половина милијарда луѓе. Помалите подрачја со секој јазик го покажуваат бројот на говорници во различни држави, додека државите со помал број говорници на тој јазик се групирани заедно во едно подрачје.


На картите се забележуваат разлики во јазичната распространост. Така, арапскиот јазик се зборува во голем број држави, додека јапонските само во Јапонија. Од друга страна, половина од говорниците на бенгалскиот живеат во Индија.

Јазиците како шпанскиот и англискиот се пораспространети географски отколку останатите. Освен францускиот, колонијалните јазици како шпанскиот, англискиот и португалскиот јазик имаат повеќе говорници во светот отколку во државите од кои потекнуваат.

Картата може да ја погледнете во целосна големина ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура