X
 15.06.2015 Образование

Кое ниво на образование е доволно за да се стане астронаут?

Потребни се многу подготовки и долг тренинг за да обезбедите место во Меѓународната вселенска станица, но потребното традиционално образование кое е потребно за се добие шанса за тренинг за астронаут според НАСА ќе ве изненади.


Доколку не сте решени да бидете пилот или командир, сè што ви треба е основна диплома во поврзана област и тригодишно работно искуство. Вашата диплома може да биде од биологија до медицина и математика. Звучи лесно, но има трик. НАСА има многу барања освен образованието.

На пример, мора да имате совршен вид или барем вид кој може да биде поправен до совршенство на двете очи. Потоа, мора да бидете високи од 1,48 до 1,93 метри. Потребно е да се помине физичка и психолошка проценка од НАСА, а повеќе шанси за учество ќе имате ако имате напредна диплома.


Потоа, мора да го преживеете тренингот, кој е составен од учење, вежби и возење возило со минимална гравитација.

Во случај да сакате да бидете командир или пилот, барањата се поголеми. Основната диплома е задолжителна, но се препорачува напредна. Мора да имате и најмалку 1.000 часови летање како пилот и секако дека ќе го поминете истиот тренинг како и останатите.

Што потоа?

Доколку го поминете тренингот и станете астронаут, веројатно ќе поминат години пред да бидете одбрани за лет во вселената. Кога ќе се случи тоа, ќе имате уште двегодишен тренинг пред да ја напуштите Земјата.

Напоменуваме дека ова се правилата на НАСА. Останатите вселенски агенции можеби имаат различни барања и режими.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование