X
 15.06.2015 Образование

Водич за студирање во Германија

Германија ги отстрани финансиските барања за студирање и за странските студенти неодамна. Моментално, германските и странските студенти плаќаат минимална сума за добивање на дипломата на крајот на студиите во земјата. Како да студирате во оваа земја?


Стипендии

Германскиот сервис за академски размени (DAAD) е јавна независна организација за високообразовните институции во Германија. Секоја година, оваа организација во соработка со германските професори ширум светот обезбедува информации и финансиска поддршка за повеќе од 120.000 студенти и професори за студии и истражувања на германски универзитети.

Овогодинешното пријавување е сè уште отворено. Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.

Барања за студирање во Германија

Визата не е потребна за одење во Германија кога станува збор за македонските студенти, но тоа е за период до 90 дена. За престој подолг од 90 дена е потребна виза. Повеќе информации за добивање виза пронајдете ОВДЕ.

Пред да ги започнете студиите, ќе треба да докажете дека имате доволно пари за самостојно да се издржувате. Во повеќето случаи, факултетите бараат од студентите да докажат дека имаат приближно 8.000 евра годишно.

За студирање на германски универзитет е потребно „Hochschulzugangsberechtigung“, односно приемен тест. За повеќето програми потребно е и знаење на германскиот јазик. Но, речиси на секој универзитет има програми кои се на англиски јазик.

За студии во Германија е потребно и здравствено осигурување. Мора да покажете доказ дека сте осигурани кога аплицирате за студирање на универзитет и барате виза за престој во Германија.

Со тестот за странски студенти (ТестАС) може да си ги зголемите шансите за прием на студиска програма. Тестот се состои од јазични прашања, основни прашања и прашања од областа во која сакате да студирате.


Што треба да знаете?

Германија има многу различни видови универзитети кои нудат одличен квалитет. За почеток, има државни и приватни универзитети. Тие се поделeни и на колеџи и факултети. Повеќето студенти студираат на државните универзитети, кои се бесплатни.


Речиси сите универзитети имаат меѓународни програми на англиски јазик. Секој факултет има свои барања за прием на студенти. Доколку сте примени на универзитет, може да добиете поевтино сместување како студент.

Во продолжение погледнете видео од Би-Би-Си за студирањето во Германија.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование