X
 16.06.2015 Живот

Како да направите столче кое истовремено е и библиотека за книги?

стол

 

Библиотеката во домот е одлична работа, меѓутоа понекогаш потребен е поголем простор, а ова столче е одлична алтернатива за сите оние кои сакаат нешто уникатно и секако, поврзано со книги.

 

На која страна да се свртите на ова столче, секогаш ќе имате книга при рака. Ова неверојатно парче мебел е создадено од Дарко Кавазовиќ. Тој видел слично столче на Houzz.com кое чинело 5.000 долари, меѓутоа одлучил дека би било одличен проект ако го направи сам, а го направи за половина од цената.


Инструкциите како да се направи ова столче можете да ги пронајдете тука, а тие се прилично едноставни. Се` што ви е потребно е дрво и шајки и се разбира, неопходните алатки за дрво.

Кавазовиќ не можеше да открие која големина беше столчето што го виде онлајн, па одлучил да направи столче кое ќе одговара на нормална врата. Па затоа ги зеде димензиите 41.5″×34.5″×29″. Го заврши столчето бојадисувајќи го во прекрасна сина боја.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот