X
 18.06.2015 Образование

Во Белгија откажана државна матура за 60.000 ученици

И средношколците во Белгија имаат проблеми со полагањето тестови.


Имено, матурантите од франкофонскиот дел во понеделник започнале да ја решаваат државната матура, а тестот по историја бил откажан после само два дена поради стигнување до тестовите. Во прашање е и важењето на тестот по француски јазик.

Првиот ден од матурата, белгиските матуранти полагале француски јазик, а според brusselstimes.com на интернет се објавени тестовите кои професорите ги добиле за матурата. Со помош на нив, учениците можеле да видат како ќе се тестираат нивните вештини кога станува збор за предметот по белгиска книжевност.

Надлежните институции размислуваат што ќе преземат во врска со првиот ден од државната матура бидејќи на социјалните мрежи се појавиле прашања од тестот по историја. Затоа, вчера бил одложен тестот за 60.000 матуранти.

Министерката за образование на Белгија, Џоел Милке, најави тужба поради кршење на професионална тајна и бара одговорност на управата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование