X
 19.06.2015 Живот

Совршена работа за девојките: 55.000 долари за тестирање лакови за нокти

Конечно, работа за која ви плаќаат да ги чувате ноктите совршени и убави. 



„Nailbox“, британски сервис за порачување лакови за нокти бара тестери за нокти кои ќе пробуваат, тестираат и пишуваат за 50 лакови за нокти секој месец за 55.000 долари. 

Работата изгледа едноставна. Секој вработен добива пакет секој месец кој вклучува лакови за тестирање и фотографирање. Во описот на карактеристиките на кандидатот пишува:

- Да се биде заинтересиран во убавина и нокти, да се има критичко око, да се биде во тек со модата и да се биде трендсетер, да се има убаво чувани раце и нокти и да се има основно познавање од фотографија.

Идеалниот кандидат би бил некој кој „добро се грижи за својот изглед, особено рацете. Од компанијата велат дека бараат личност со ентузијазам за производи за убавина кој гледа критички и може да ги познае подобрите производи и бои.“

Згора на тоа, компанијата порачува вработените да престанат да практикуваат физичка работа и домашни активности кои може да им ги оштетат рацете и ноктите.

Така, се има оправдание за одбегнување на несаканите обврски.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот