X
 19.06.2015 Живот

Жената која завршила на врвен факултет, а одлучила да заработува спиејќи со мажи

Кога ја барате совршената работа, треба да се фокусирате на онаа професија која сакате да ја работите во случај и да не сте платени. Вистина или не?

 

1


„Последниот семестар на Принстон, кога започнав да ја „ловам“ совршената кариера, на ова прашање одговорив позитивно. И тоа некако ми ги олесна сите работи. Сите околу мене планираа да одат во Холивуд за да се обидат со глума или се подготвуваа за напорни интервјуа со водителите од големите банки и компании во Њујорк.

На место како што е Принстон, сите се гласни кога станува збор за амбиции и достигнувања, но мал број на луѓе зборуваат за сопствените слабости и несигурности. После одењето во Принстон, очекувањата беа дека ќе се вклопам во Ајви Лигата. Меѓутоа, мојата професионална иднина испадна помалку ортодоксна отколку што мислев.

Одлуката да почнам да излегувам со мажи за пари ја донесов изненадувачки лесно. Отсекогаш сум била фасцинирана со приказзните за ескорт дамите и останатите сексуални детали и на нив гледав како на своја сродна душа во царството на слободоумието и развратништвото.

Никогаш не сум го сфаќала пресериозно фактот дека сексот може да ги открие оние делови кои се обидуваме да ги оставиме скриени, па секоја работа поврзана со тоа ја гледав како своевидна „терапија со изненадување“. Со оглед на тоа што наскоро требаше да дипломирам на психологија и со оглед на тоа што бев позната како „секс-позитивна ку*ва“, работата поврзана со сексот се чинеше логички избор.

„Sugar dating“ всушност и не е многу различен од било која друга професија поврзана со сексот. Без разлика дали си проститутка, ексорт дама, стриптизерка или „sugar baby“, на крајот доаѓа исто - мажите плаќаат за физичко и емоционално искуство со тебе. Разликата во имињата всушност кажува повеќе за личноста која тие имиња ги измислила, отколку за самата професија.

Особено не ми се допаѓа името „sugar daddy“ и „sugar baby“. Не го сакам тоа што го имплицираат. Тие мажи не се мојот татко, а јас дефинитивно не сум бебе.

 

2


Кога веќе имате долгогодишна врска со некоја, како што имаат и многу други девојки кои се занимаваат со ваква професија, развивате некоја одредена и добро позната динамика. Добро е што работата ја прилагодувате на начин на кој вам ви одговара најмногу.

На почеток, моите врсници ги забавуваше фактот што се одлучив за оваа професија, веројатно затоа што тогаш не ме сфаќаа премногу сериозно. Но, некои беа доста загрижени за моето емоционално и физичко здравје. Јас пак, од друга страна се обидував да молчам кога имав напад на загриженост околу нивните планови во кариерата, бидејќи која сум јас да им судам?

Некои од моите омилени клиенти по професија беа баш она што сакаа да бидат и моите колеги - правници, финансиски експерти или евентуално претприемачи. Среќна суш што не морам да се соочам со стресот кој тие го доживуваа: одржување на стил на живот, напорна работа, недостаток на време за уживање во животот... Повеќе ми се допаѓа она чувство на неизвеснот каде утре вечер ќе спијам отколку притисокот од страна на било која компанија.

Патувањата на кои бев во мојата кариера го одразува стресот преку кој поминаа моите колеги. Откако дипломирав, со пријателката се преселив на Флорида. И додека таа маки мачеше со одлуката која професија да ја избери, јас смислував како да заработувам повеќе пари.

Почетничката среќа беше на моја страна, бидејќи привлеков три потенцијални клиенти брзо време откако се пријавив на страната „Seeking arrangement“ - најпознатата веб страна за запознавање на клиенти.

На почетокот бев фокусирана на тоа да заработам што е можно повеќе пари, а да работам помалку. Но, секако, се случи токму спротивното. Работев многу, а заработив малку. Исто така, трошев повеќе време и енергија отколку што сакав. Еден беше низок и изгледаше како зајак со виткана коса, а работеше во компанија која пишуваше есеи за студенти.

 

Беше особено лут на се` околу него и се чувствуваше како целата тежина на светот да е на негов грб, што ме излудуваше. Друг беше оженет правник, совршено љубезен и сладок и со желба за сексуално внимание кое не го добиваше од неговата сопруга. Воглавно, сето тоа беше чисто клише. А она што на почетокот не сфатив беше дека им давав само секс - не го плаќаа моето тело, туку моето внимание. Бараа некоја светлина во моите очи.

Три години во овој бизнис беа доволно да вкусам и нешто друго, како што е на пример, угостителство и некои канцелариски работи. Исто така, се преселив кај момчето кое тогаш го запознав и заедно живеевме во Чикаго скоро две години. Тој плаќаше кирија и храна, а јас работев како келнерка и заработував толку колку да успеам да купам марихуана.

Смешно беше тоа што оваа врска лесно можеше да биде категоризирана како врска од корист, а уствари се сакавме премногу. Всушност, меѓусебно си помагавме еден на друг за да се чувствуваме како луѓе.

После паузата, сфатив дека ваквиот вид на „трансакција“ на врска се наоѓа насекаде околу мене. Во истовреме кога станав поискусна во работата, сфатив зошто „sugar dating“ толку ме привлекува професијата на ексорт дама: ако знаеш што правиш можеш успешно да ја работиш работата, а не ти е потребен никаков почетен капитал.

 

2


За цените со клиентите секогаш зборував на првиот состанок. Цената ја поставив доста ниско, бидејќи 1.000 долари ми изгледаа како претерана сума, и затоа што со 500 долари привлекував многу луѓе.

Секако, добивав понуди кои достигнувале и до неколку илјади долари, но обично тоа беа мажи чијшто карактер уште на почеток ме плашеше и ми беше одбивен. Приходите од самиот почеток ми беа стабилни и не се зголемуваа, но никогаш не се двоумев да си ги побарам парите кои ги заслужував.

Еднаш кога се договорив со еден клиент околу цената, околу неа повеќе немаше преговори. Моето искуство со клиентите ми покажа дека постојат два видови: оние кои сакаат да те измама, и оние кои сакаат да платат уште на првиот состанок. Многу од нив сакаа да веруваат дека не се работи за обична размена, туку за нешто повеќе од тоа.

Но, мене не ми беше грижа што тие мислат. Ако не можат да бидат искрени кон себеси и ако не можат да си признаат за каква игра станува збор тоа е нивни проблем.

Луѓето често знаат да прашуваат детали за мојата работа, а љубопитноста често пати ги разочарува бидејќи сфаќаат дека и не сум толку мистериозна колку што очекуваа. Што се однесува до парите, трансакцијата меѓу мене и моите клиенти е еднаква како и онаа меѓу купувач и продавач. Бизнис е бизнис, без оглед дали има врска со секс. После првиот пат барате пари, понатаму едноставно станува природно.

Распоредот започна да ми го диктира темпото на живот; тоа за мене беше премногу па одлучив да се насочам кон „проституција“. Потенцијалните клиенти започнав да ги барам во Чикаго и очекував дека ќе биде лесна заработка.

Мојот „OKCupid“ профил стана толку популарен што морав да ги исклучам нотификациите. Имав чувство дека ќе го покорам Чикаго, ќе ги свртам животите на клиентите наопаку и дека ќе заработам пари.

Но во Чикаго не запознав нитуеден маж кој би сакал да плати за моите услуги. Изворот на пари целосно пресуши. Наместо да запознам клиенти кои би ми плаќале пари, секој пат се плашев од неизвесност и стравував за сопствениот живот.

Еден маж со кој имав состанок беше се` она што пријателите ме предупредуваа. Лажеше за неговата работа, за тоа каде живее и за сопствениот идентитет, додека во исто време од мене бараше секакви детали, за да биде сигурен дека ги исполнувам сите негови барања. Потоа ме одведе во стан кадешто игравме улоги на насилен татко и исплашена ќерка додека ме капеше со детски шампон. Ми зборуваше ужасни работи и ми правеше ужасни работи.

После ова искуство се откажав од Чикаго. Запознав човек од Њујорк и се преселив таму. Подоцна ми стана партнер. Но, нашата врска како и нашите големи бизнис планови за брзо време пропаднаа. Со 25 долари во џеб и три куфери во кои се наоѓаше целиот мој живот, стоев на влезот на подземната железница и плачев.

Летото во Њујорк беше искуство кое целосно ме трансформира. Сакав да продолжам со работата, но бев неодлучна околу запознавањето на нови клиенти. Сфатив дека мојот внатрешен радар не ме води кон вистинската насока и дека не треба да им верувам. Поради огромна претпазливост, во Њујорк сретнав само еден клиент.

Тој беше доста пристоен: доволно интересен и почитуван, и доста мил. Беше Канаѓанец. Единствениот проблем беше тоа што ми плаќаше повеќе од доволно, па морав да се збогувам со него.

Со оглед на тоа што искуството во Њујорк не ми беше многу профитабилно, одлучив да се преселам во Калифорнија. Кога стигнав таму се заколнав дека повеќе нема да го работам тоа, но после 6 месеци ми беа потребни пари. Се вселив кај пријателка во Сан Франциско и повторно отворив профил на страната „Seeking arrangement“.

 

3


Ми се чинеше дека овој пат се` е различно. Слобода, флексибилност, работата и понатаму ме привлекуваше, а јас и понатаму бев уверена дека можам да ја играм играта според мои правила.

Во Сан Франциско помалку или повеќе имав солиден број на клиенти помеѓу кои можев да ги изберам оние кои најмногу ми одговараа, а работата беше поинтересна од било кога. Наутро, пиејќи кафе одговарав на пораки од мажите кои ми се допаѓаа, а потоа со нив се наоѓав на ручек или пијалок.

Иако се усовршував во работата, морам да кажам дека животот не ми беше гламурозен. Заработката беше добра, но накитот што го добивав ми беше се` помалку привлечен, бидејќи сфатив дека тој ми беше огромен товар. А од сите мажи со кои се наоѓав, нитуеден не се задржуваше предолго во мојот живот.

Можеби причината беше тоа што премногу се врзуваа за мене, па не можеа да се помират со тоа дека ги плаќаат сопствените емоции. Нивното исчезнување одговараше со падот на мојот интерес кон овој бизнис. Научив дека секоја работа е работа и дека ми е доста да работам за други луѓе. Влегов во овој свет за да ги избегнам тие услови на заробеност во малечка канцеларија.

Но, некој секогаш со задоволство ќе прифати да ви биде надреден - ако му дозволите. Мислам дека е крајно време да имам улога на надредена“.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот