X
 21.06.2015 Култура

Новата сезона од Game of Thrones ќе се снима и во Македонија

„Игра на престолот“ тукушто ја заврши својата петта сезона, но работата на шестата сезона веќе е започната, а ова е интересно за нас бидејќи снимањето ќе биде во Македонија.


Фантазиската драма веќе беше снимана во различни места низ светот, како Хрватска и Мароко, но сега акцијата ќе се одвива во Македонија. Се планира снимање во Прилеп, Охрид покрај Охридско езеро и централно-источниот регион на Криволак кадешто се сместени воените бази.

 Како локација за снимањето се претпоставува и дека ќе бидат Марковите кули, кои веќе биле искористени во една од сцените во последната епизода во последната сезона.


Се смета дека снимањето ќе започне во март или април наредната година.

Шестата сезона на серијата се очекува да биде поизненадувачка од сите претходни бидејќи сè уште не се знае што треба да се очекува.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура