X
 22.06.2015 Култура

Големи филмови кои имаат потенцијал да бидат лоши

1

 

Во Холивуд постојат две големи сезони - онаа пред Божиќ и летната сезона. Веќе ни стана вообичаено токму во ова време да не` бомбардираат со најави за филмови кои ќе бидат генијални, големи и важни. Веројатно од тоа море на филмови ќе излезе некој брутално добар блобастер, но уште е поголема веројатноста останатите филмови да бидат едноставно лоши.


Интернет експертите имаат чувство дека овие филмови ќе бидат најлоши во 2015 година.

1. Poltergeist

 

Во овој филм ќе налетате на еден куп глумци кои веројатно нема да ги препознаете. Освен тоа, филмот се опишува како ревизионистичка верзија на оригиналнот, што обично никогаш не е добро. А фактот дека станува збор за уште еден 3D филм дополнителни ја нагласува катастрофата во овој хорор.


2. Аloha


 

Ема Стоун, Бредли Купер и Рејчел МекАдамс сигурно подигнаа ѕвездена прашина околу овој филм, меѓутоа експертите сметаат дека овој филм е доста лош со смешно сценарио, а одредени места во филмот едноставно немаат никаква смисла.


3. Jurassic World


 

Станува збор за продолжение на филмот „Jurassic park“, кој го очекувавме со години. Веројатно ќе биде хит, но постои можност милијардите вложени во продукцијата на „Jurassic world“ да бидат ветер во магла.


4. Ted 2

 

„Ted“ беше навистина смешен, но експертите сметаат дека Сет МекФарлан не може да направи добро продолжение.


5. Тerminator: Genisys

 

Во случај некогаш да сте се прашувале, да, Арнолд Шварценегер се`уште е жив. Неговиот 70-ти роденден одлучи да го прослави со ново продолжение за роботот од иднината.


6. Magic Mike XXL

 

Ченинг Татум неговите „sixpack“ мускули уште еднаш ќе се обиде да ги продаде како стриптизер со големо срце. Колку и да се надевате дека овој филм славно ќе пропадне, фактот дека вашата девојка и останатите жени на овој свет ќе го одржат филмот во живот.


7. Mission: Impossible – Rogue Nation

 

Том Круз се враќа за да го спаси светот како Итан Хант, пак! Во ова продолжение Круз со неговиот тим лови група на платени убијци кои се нарекуваат Синдикат.  

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура