Министерството за образование и наука ја објави информацијата за упис на нови студенти во прва година на прв циклус студии на јавните образовни установи за студиската 2015/2016 година во Република Македонија. Направени се одредени измени во согласност со потребите од високообразован кадар и во согласност со потребите на средношколците.
Одлуката на Владата на Република Македонија во која е утврден бројот на слободни места за упис на студенти на јавните универзитети за академската 2015/2016 година, односно бројот на слободни места кои ќе се финансираат од Буџетот на Република Македонија, се темели на резултатите од деталната анализа на потребите на пазарот на трудот во земјава и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимањата кои се актуелни и/или ќе бидат барани во иднина, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.
На УКИМ има вкупно 10.690 слободни места од кои 6.330 за редовни студенти во државна квота, 3.164 за редовни во квота со кофинансирање и 1.175 за вонредни.
1. Рокови за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование
|
прв рок |
втор рок |
трет рок |
Пријавување на кандидатите |
13 и 14.8.2015 |
3.9.2015 |
16.9.2015 |
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) |
18.8.2015 |
4.9.2015 |
|
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) |
20.8.2015 |
9.9.2015 |
|
Запишување на кандидатите |
24 и 25.8.2015 |
10 и 11.9.2015 |
21.9.2015 |
2. Рокови за кандидатите кои се рангираат според успехот од средното образование и според проверката на знаења и умеења
|
прв рок |
втор рок |
трет рок |
Пријавување на кандидатите |
13 и 14.8.2015 |
3.9.2015 |
16.9.2015 |
Проверка на знаења и умеења |
17.8.2015 |
4.9.2015 |
|
Објавување прелиминарна ранг- листа со резултати од проверката на знаењата и умеењата и успехот од средно образование |
21.8.2015 |
9.9.2015 |
|
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) |
25.8.2015 |
11.9.2015 |
21.9.2015 |
Запишување на кандидатите |
26 и 27.8.2015 |
14.9.2015 |
22.9.2015 |
Конкурсот можете да го најдете на следниов линк.
КОНКУРС
за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2015/2016
година