X
 23.06.2015 Култура

Најголемиот аквариум во Европа


„L’Oceanogràfic“ ги отвори вратите во 2003 година и веднаш стана популарен. Тој е најголем аквариум во Европа. Сумата за влез чини 27 евра, но таму може да го поминете целиот ден. Сè што треба да направите е да испланирате како да видите сè.

Ова е најголемиот океанариум во Европа со делови поделени на Црвено море, Арктик, Медитеран, корални гребени итн. Поголемиот дел од аквариумот се наоѓа под земјата и е составен од повеќе големи резервоари кадешто може да ги гледате животните и дури и да играте со нив.



Еден од најдобрите делови во аквариумот е тунелот на ајкулите кадешто посетителите може да видат многу видови ајкули. Аквариумот им нуди на помладите да добијат шанса да ја поминат ноќта во овој тунел, спиејќи во кревети под ѕверовите.

Аквариумот се наоѓа во Валенсија, Шпанија.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура