X
 24.06.2015 Технологија

Кој ги измислил апликациите за телефоните?

За време на Меѓународната конференција за дизајн во 1983 година во Аспен, Стив Џобс предвиде иднина во која секоја личност има неверојатно добар компјутер во облик на книга кој може да го носите секаде со вас, а може да научите да го користите за 20 минути.


Благодарејќи на апликациите за смартфоните предвидувањето на Џобс е совршено - мобилните уреди радикално го променуваат начинот на кој комуницираме и работиме, сè благодарејќи на апликациите. Но кој ги измисли првите апликации?

Во средината на 1980-те, компанијата „Psion“ во Лондон го објави „Psion organiser“, што се смета за првиот личен дигитален асистент и предвесник на мобилниот компјутер. Овој уред не можел да направи многу, но имал многу вградени програми, како уредувач на текст, пресметувач, дневник, агенда, именик и друго. Овој уред не можел да прави повици, но ја поставил основата за развојот на мобилните апликации.

„Newton“ е уред од „Apple“ објавен во 1993 година кој би можел да се смета за предвесник на моденриот ајфон или ајпед. Овој уред се поврзувал и на интернет-мрежи и имал пристап до многу надворешни апликации.

Како што телефоните станувале помоќни, корисниците сакале поголема функционалност од апликациите на нивните телефони, а ова довело до развојот на „Wireless application protocol“, што овозможил пристап до помали и полесни за користење интернет-страници.

Мобилните телефони забележале пораст во моќта на компјутерите во нив за време на 2000-те години, па започнале да се појавуваат мобилни оперативни системи.

Тешко е да се посочи кон една личност или еден тим одговорен за правење на првата апликација за смартфон бидејќи апликациите се само компјутерски програми кои се на мобилни уреди.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија