X
 25.06.2015 Образование

Што да очекувате од онлајн училиштата или други програми кои нудат учење на далечина?

Треба да знаете што да очекувате пред да се одлучите да се регистрирате за онлајн курс, за вашите часови да не бидат неуспешни и да го добиете најдоброто од онлајн образованието.

 

onlajn


Речиси секој колеџ во Америка има онлајн курсеви/програми, а сепак голем дел од овие училишта не прават ништо или прават малку за да ги подготват студентите за тоа колку е различно онлајн учењето. Затоа ви нудиме неколку совети за да бидете успешни во онлајн програмата.

Бидете само-мотивирани - Мора активно да се вклучите во предавањата и мора да бидете во можност да работите самостојно. Замислете го сето тоа како еден добар тренинг.

Поседувајте само-дисциплина - Онлајн учењето одзема повеќе време. Бидете сигурни дека сте издвоиле доволно време кое ќе го посетите на вашиот курс. Запомнете и немојте да се запишувате на повеќе курсеви наеднаш, бидејќи ќе имате многу повеќе работа отколку што очекувате. Исто така, некои онлајн курсеви се пократки отколку традиционалниот семестар, меѓутоа тие ја покриваат истата количина на материјал па затоа очекувајте да имате доста за учење.

Бидете посветени на вашите студии - Ова значи дека ќе треба да направите жртви; испланирајте го вашиот личен живот соодветно на часовите. Нека ви биде приоритет завршувањето на курсот.

Адаптирајте го читањето со разбирањето - Учењето бара многу читање, па затоа потребно е да бидете активен читател. Ќе треба да се развиете во личност која постојано ќе чита и ќе фаќа белешки и повторно ќе ги чита доколку сакате да се осигурате дека го разбирате материјалот.

Чиста комуникација - Запомнете дека чистата комуникација е главниот начин вашите професори да измерат она што го знаете. Доколку се борите со одредено поле, побарајте помош од професорите, тие ќе бидат подготвени да ви помогнат.

Бидете одговорни за сопствените одлуки - На пример, вашата одговорност е да работите со вашиот советник и да побарате насоки. Вашиот советник ќе ви помогне да го утврдите напредокот.

Бидете академски искрени - Мора да се придржувате кон етичките упатства кои ја поткрепуваат академската истрага. Ова значи дека не треба да мамите. Мамењето вклучува земање заслуги за работата на другите како и плагијаторство, па затоа не заборавајте да цитирате соодветно.

Бидете посветени на учењето -
Успешните дипломци демонстрираат вистинска желба за проширување на знаењеата. Вашата интелектуална љубопитност треба да биде вашата најважна вештина.

Само-мотивацијата е клучот
- Онлајн курсевите се промена од искуството на факултет бидејќи од вас зависи колку ќе бидете мотивирани. Без инструктор кој ќе ја следи вашата работа, можете да бидете изгубени во сето она што го работите. Онлајн инструкторите се достапн да ви одговорат на прашањата, но тие не можат да поминат време со вас.

Немојте да бидете обесхрабрени - За некои студенти потребно е време да се прилагодат на онлајн курсевите, но можете да ги искористите вашите вештини за да научите како успешно да го менаџирате вашиот распоред. Откријте кои методи функционираат за да ги следите следниот пат. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование