X
 26.06.2015 Интервјуа

Интервју со Taмара Грозданова од НОВА - Уметноста треба да е дел од сите аспекти на животот

Тамара е една од учениците на НОВА кои успеаа да се запишат и да студираат на реномирани светски високообразовни институции. Таа своето образование ќе го продолжи на Parson The New School во САД, примена е на програмата Communications Design.

 

Што очекуваш од студиите во САД?

Од мојот престој во Соединетите Американски Држави очекувам да се запознаам со една нова култура, да добијам шанса да стекнам нова перспектива за уметноста и воедно да се запознаам со мои врсници од сите делови на светот. Верувам дека во една таква средина, опкружена со најталентираните индивидуи ќе можам да се образувам и да создадам пат за мојата иднина, кој ќе ме одведе до успехот.

Што е она што сакаш да го работиш?

Предметот на мојот интерес е графичкиот дизајн. Отсекогаш ме интересирала уметноста и нејзината моќ во маркетингот, односно нејзиното влијание и придонес за продажбата на одреди продукти. Верувам дека уметноста треба да биде дел од сите аспекти на животот. Особено ме радува фактот што успеав моето хоби да го претворам во можност за кариера и се надевам дека мојата желба и упорност ќе бидат подеднакво поддржани во Parsons колку што беа до сега во Меѓународното училиште НОВА.

Kaде сакаш да живееш и работиш по завршувањето на студиите?


Мојот првобитен план е по завршувањето на студиите да се вратам во Македонија, барем на одреден период. Главната предност на графичкиот дизајн како професија е што може да се работи од било кое место, во било кое време, потребен ви е само компјутер. Сакам да патувам, но тие планови ги оставам за по завршувањето на студиите.

Како е да се учи во НОВА? Што е она што ти стави најголем впечаток?


НОВА ми помогна да се оформам како личност и верувам дека уникатното образование кое ми беше прижено ми даде голема предност не само во уписите, но и во понатамошното образование. Во НОВА се посветува посебно внимание на секој ученик и секој професор успешно создава креативна и инспиративна атмосфера. Најмногу ми се допадна слободата која им беше дадена на учениците, да го обликуваат и создаваат сопственото образование по сопствените потреби, со неизмерната поддршка од професорите и советниците.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Интервјуа