X
 28.06.2015 Наука

Српски средношколец создаде уред кој ќе спасува милиони животи

Младиот пронаоѓач Стефан Веља го одушеви целиот свет, иако има само 18 години. Направата која ja патентирал за разбивање тромбови во организми освоила прво место и златен медал на фестивалот за откритија „Еурека“ во Брисел.


На фестивалот учествувале повеќе од 40 иноватори во областа на заштитата на здравјето. Откритието на Стефан има големина на стент, има електричен чип, а самата основа е од пластика, додека мрежата е од легура на нитанол.

Младиот Стефан досега учествувал на многу натпревари и освојувал вредни награди. Самата идеја за уредот пристигнала кога се пријавувал за научен камп во Финска.


Уредот е мала направа која би се ставала во организмот како стент и таму би се складирала во крвен сад. Нејзината цел е да ги заштити виталните органи од штетата која може да ја направи тромбот на тој начин што влегува и го блокира крвниот сад. Кога тромбот наидува на оваа направа таа го блокира физички, а потоа започнува и хемиско разградување.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука