X
 29.06.2015 Економија

Што треба да знаеме за контролата на капиталот која ја воведе Грција?

Владата на Грција викендот ги затвори банките до 7 јули и започнува да воведува мерки за контрола на капиталот, односно готовината која граѓаните може да ја подигнуваат од своите сметки ќе биде ограничена. Најавено е дека границата изнесува 60 евра дневно во следните 7 дена.


Од почетокот на преговорите на владата на Ципрас со Европската унија од грчките банки биле подигнати повеќе од 30 милијарди евра, а само во последната недела околу 5 милијарди евра. Мерките за контрола на капиталот значат дека владата им ја ограничува слободата за располагање со сопствените пари на граѓаните.

Овие мерки може да ги воведат само гувернерот на централната банка и министерството за финансии, кои може да им наредат на банките драстично да ги намалат дневните граници за подигнување готовина и трансфер на пари во странство.

Грчката влада досега неколкупати изјавувала дека не сака да воведе контрола на капиталот, но Европската централна банка ја замрзна итната помош за ливидност за грчките банки и владата немала избор. Мерките за контрола на капиталот остава пристап до сметките за извршување основни активности. Грчкото министерство за финансии објави дека граѓаните ќе може да подигнуваат најмногу 60 евра дневно. Се затвара и грчката берза.


Во меѓувреме, Европската централна банка мора да одлучи дали ќе продолжи да им помага на грчките банки. Една од главните работи кои треба да го зачуваат еврото е слободното движење на парите.

Од друга страна, грчкиот премиер Алексис Ципрас ги напаѓа и осудува одлуките на Еврогрупата и Европската централна банка на социјалните мрежи, поточно на „Твитер“.





„Нема да успеат. Ќе се случи спротивното: Грците ќе стојат цврсто и уште поодлучно“, пишува во еден негов твит.

Истовремено, во Атина започнуваат протести против банките.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија