X
 29.06.2015 Живот

Зошто кафето не' држи будни?

Во кафето има повеќе од 200 различни супстанци, како маснотии, јаглехидрати и протеини. Најважната состојка на која сите сме навикнати е кофеинот. Во кофеинот има јаглерод, водород, азот и кислород. Кофеинот се раѓа природно во повеќе од 60 различни видови растенија. Но, како кофеинот нè држи будни?

Кофеинот дејствува на централниот нервен систем и влијае на молекули за испраѓање сигнали во мозокот. Кофеинот влијае и на бубрегот и на срцето, поради што чувствуваме дека влијае на целото тело. Кафето може да влијае добро на здравјето, односно да го намали ризикот од срцени болести и друго.

Меѓутоа, кафето не е секогаш добро за здравјето, но луѓето сепак не престануваат да го конзумираат бидејќи тоа претставува зависност. Доколку се обидете да се откажете може да се појават главоболки, но добрата вест е тоа што се потребни само 7-12 дена за откажување.

За повеќе на темата погледнете го видеото.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот