X
 01.07.2015 Живот

Месечен хороскоп за јули 2015


Овен


Љубов: Владетелот на вашиот знак, Марс, во текот на целиот месец ќе биде во знакот на ракот заедно со Сонцето во првите две третини од месецот. Ова е полето на домот и семејството, па имате феноменална можност да ги донесете во рамнотежа брачните односи. Истовремено, ќе мора да внимавате вие да не бидете фактор во проблемите, но и да научите дека ништо не се решава со импулсивно реагирање, стрес и нервоза. Присуството на среќната блискост на Венера и Јупитер во полето на љубовта на слободните ќе им отвори можност за нови почетоци. Некои овни ќе помислат дека ја пронашле личноста која во целост ги разбира, поддржува и чувствува како „дишат“. Во долгите врски постои можност за веридба или брачна понуда.

Работа: Венера месецов ви дава можност сè што работите да резултира на добро. Но, во добар дел од месецот ќе бидете во квадрат со транзитот на Сатурн во полето на кризите, промените, кредитите. Вашата заработувачка ќе биде ограничена со она што го должите и ќе мора да се прилагодувате на туѓите планови.

Здравје: Колку и да мислите дека може да поместите планини и долини, оваа енергија може да биде краткорајна.


Бик


Љубов: Вашата владетелка Венера е во сооднос со владетелот на полето на љубовта, Меркур. Сатурн е во полето на сериозните партнерства, а Сонцето и Марс во полето на комуникацијата, па се гледа дека разговорите и способноста за договор со партнерот ќе бидат клуч за напредување или опстојување на љубовните врски. Слободните веќе во првите денови од месецот ќе имаат можност да се пронајдат со некој и тоа најмногу преку работни околности, преку пријатели или на годишен одмор. Оние кои се во подолги емотивни врски или во брак ќе сфатат дека нивниот партнер е многу тежок и напорен.

Работа: Сè она поврзано со работа и заработувачка е подобро поставено во првиот дел од месецот, па искористете ја можноста да направите некои конкретни чекори. Подоцна работите ќе почнат да ви излегуваат од контрола.

Здравје: Заболените од хронични болести нема да се чувствуваат добро во вториот дел од месецот. Не ги игнорирајте симптомите.


Близнаци
 
Љубов: Првата декада од месецот е совршена за емотивни врски бидејќи имате иницијатива, имате шарм и точно препознавате кога трба да дејствувате и на кој начин. Ова е период за слободните да влезат во интересен однос. Ќе бидете поемотивни во поголемиот дел од месецот и ќе се чувствувате дека партнерот манипулира со вас. Брзо ќе сфатите дека клучот за заеднички живот е разговорот.

Работа: Сè поврзано со работа и заработка е прилично солидно во текот на месецот. Присуството на Марс ќе ви дава повремени нервози, но тоа е нешто на што ќе мора да се навикнете. Не очекувајте помош од останатите во врска со работата.

Здравје: Во првиот дел од месецот е добро, додека од втората половина на јули ќе имате проблеми со стомакот.


Рак

Љубов: На почетокот на јули полната месечина е во знакот на јарецот, вашето поле на брачни и сериозни врски. Полната месечина донесува заклучоци, завршетоци и нагласува дека е време за крај за некои врски. Сега ќе имате храброст да преземете нешто во врска што она за што сте молчеле досега. За слободните ракови ова е период на нови познанства и големи иницијативи од спротивниот пол, но бидете внимателни со минатите искуства.

Работа: Немате време за чекање. Само овој месец Јупитер ќе биде во вашето поле на работа и заработка. Активирајте се и искористете ја секоја можност за заработка.

Здравје: Имате доволно енергија да се чувствувате добро, но може да привлекувате повисока температура и вирусни инфекции.


Лав

Љубов: Месечот го започнувате со спојувањето на Венера и Јупитер во својот знак. Во текот на овој период некои лавови ќе се врзат со постоечки емотивни партнери. Во брачните односи ситуацијата е напорна. Комуникацијата ќе биде отежната. Ситуацијата е подобра во третата декада од јули, кога сонцето преоѓа во вашиот знак и ви носи способност за наоѓање решенија.

Работа: Полната Месечина во полето на работните обврски, одговорности и Младата Месечина во полето на потсвеста - ова значи дека лавовите ќе работат на импулсивен, неадекватен начин. Пред себе имате многу можности да се претставите на најдобар начин.

Здравје: Мора да бидете одговорни кон себе и својот организам.


Девица

Љубов: Сонцето и Марс во знакот на рак ви одговараат бидејќи се во сооднос со вашиот знак, па ќе имате можности за регулирање на својот емотивен статус. На почетокот на јули ќе забележите крај на еден период во кој повеќе сте давале отколку примале. Во подолгите емотивни врски и браковите е подобро од порано. Тајните врски и афери во овој периос се активирани, но бидете внимателни.

Работа: Не се двоумете да ги искористите можностите за нова заработка во првата декада од месецот. За сè што сакате да активирате ќе мора да се подготвите внимателно.

Здравје: Повремени проблеми со грбот и зглобовите.


Вага

Љубов: Спојувањето на Венера и Јупитер во знакот на лав е исклучителна можност за сите ваги да ја најдат својата сродна душа или нешто приближно. Меѓутоа, она што е нагласено во текот на овој месец е стабилноста во семејството. Некои ќе сакаат да променат нешто во односите и да влезат во авантура. Бидете внимателни и не дозволувајте да ве понесат емоциите. Вториот дел од месецот е посебно проблематичен и со партнерот нема да се согласувате.

Работа: Не се задоволувајте со моменталните позиции и со малите работи, бидете сигурни во себе и своите способности и сигурно може да ги промените работите.

Здравје: Мора да обрнете внимание на својот организам. Актуелни се хроничните болести, проблемите со срцето и грбот и хормоните.

Скорпија

Љубов: Вашиот владетел се наоѓа во знакот на ракот, па емоциите во текот на целиот месец може да бидат посилни од разумот. Ќе имате моменти кога ќе мислите дека е крајот на светот, но повторно ќе попуштите на крајот поради чувствата што ги имате. Ова важи и за подолгите врски и за браковите. Што се однесува до слободните, сигурно ќе имате романтична авантура во која нема да може да се препознаете.

Работа: Сè она што сте го започнале функционира како што треба, а со заработката може да се пофалите. Она што е очигледно е промената на статусот, позицијата, работното место во првата декада од месецот. Од друга страна, ова ќе ви отежни некои работи.

Здравје: Движете се, премногу сте заседнати и премногу сте статични.


Стрелец

Љубов: Спојот на Венера и вашиот владетел Јупитер ви дава можност да влезете во љубовна приказна преку ноќ. Прашање е колку ќе трае оваа врска. Во полето на страста во текот на овој месец се наоѓа хаос. Внимавајте на сигурноста во сексуалните односи во кои влегувате. Сè уште ќе имате ситуации кога ќе биде тешко да се усогласите со саканата личност.

Работа: Не смеете да заборавите на обврските, кои се многу големи во периодот. Она што ќе го пропуштите или одложите ќе се отвори како поголем проблем.

Здравје: Последната декада од месецот не е добра. Бидете дисциплинирани и одговорни.


Јарец

Љубов: Сè она што е битно, сериозно може да стане уште поважно во поглед на оние кои се подготвени за сериозни врски. Некои јарци ќе сфатат дека промените кои се случуваат кај партнерот позитивно влијаат и на нив. Самите ќе влетаат во нешто бурно, невообичаено и ново.

Работа: Јули може да ве доведе точно до онаа положба која ја сакате. Доколку се надевате на унапредување или подобрување на финансиската состојба, ова е тој момент.

Здравје: Потребно е да одмарате и на се се нервирате.


Водолија

Љубов: Статичните приказни веќе не ви се интересни. Со влезот во месецот ќе се чувствувате разиграно, среќно и подготвени сте да пуштите нешто ново во својот живот. Не грижете се, можностите се тука. Оние во брак ќе доживеат бурни емотивни реакции и преиспитувања, но нема да има крај на врските.

Работа: Младата Месечина во текот на јули е во вашето поле на работните обврски, одговорности, колеги. Во овој период некои работи може да ги започнете на нов начин.

Здравје: Имате можност да го промените животниот стил и да започнете поодговорно да размислувате за своето здравје.


Риби

Љубов: Полната Месечина на почетокот на месецот е во полето на возвратената љубов, а во половина од месецот Младата Месечина е во полето на љубовта која ја давате на другите. Можеби сте навикнати светот да се врти околу вас, но тоа не е така. Новите емотивни почетоци се нагласени, но овие почетоци можеби нема да бидат лесни. Што се однесува до долгите емотивни врски и брачните односи, ова е период кога може да ги поправите своите врски.

Работа: Месецот е одличен да започнете сè што сте планирале и замислиле. Приватните работи се поставени повеќе од добро. Односот со колегите може да биде проблематичен.

Здравје: Здравствената ситуација е доста солидно поставено во текот на целиот месец.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот