X
 01.07.2015 Живот

На кафе со Коста Петров



Коста Петров е основач и извршен директор на Пи Ворлд, една од најголемите глобални агенции за организирање на настани во светот, со канцеларии во Скопје, Прага и Баку и присуство во 30 различни земји, меѓу кои се Катар, Мароко, Јордан, Грузија, Азербејџан, Турција, Хрватска, Србија, Чешка Република и Русија.

За само четири години, Пи Ворлд прерасна во еден од најреномираните и најприсутните македонски брендови во глобалниот бизнис свет. Пи Ворлд беше првата македонска компанија со реклама на музичкиот канал MTV како и првата македонска приватна компанија со своја реклама во реномираните The Economist, Comsopolitan и Elle.

Коста е и автор на два македонски бестселери- Се гледаме на врвот и Стравот.

Се гледаме на врвот со продадени 5,000 примероци и пет рекордни изданије за една година е една од најпродаваните книги во Македонија за 2013та и 2014та година.

Стравот, неговата втора книга, според кој е снимен и првиот македонски документарен филм прикажуван во кино, ја доживеа својата промоција во септември 2013та година и за само шест месеци е продадена во повеќе од 3,000 примероци.

Во 2013та година, од страна на реномираниот бренд Johnie Walker, Коста беше избран за Човек на годината а престижниот магазин Конгрес го прогласи за еден од 30те највлијателни луѓе во индустријата за настани во Европа.

Коста е редовен колумнист на неколку европски портали меѓу кои е и реномираниот Branding Magazine.

Ова е уште една причина зошто не треба да го пропуштите 11 - то по ред Бизнис кафе Македонија, на 02.07. 2015 од 18:30 часот во Хотел Russia.

Запишете го датумот во вашите календари за ново дружење, мотивација и запознавање на нови потенцијални клиенти. Покрај Коста на настанот ќе зборува и извришниот директор и ко-споственик на Публицис Груп Македонија, Г- ѓа Александра Дилевска, како и Г- динот Хајан Селмани ( извршен директор на Хаселт)



Дружењето трае 2-3 часа во четврток од 18.30 часот. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок (кафе,вода, сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Влезниците по промотивна цена од 200 денари(важи само за СТУДЕНТИ) може да се уплатат на жиро сметка на Актива Вел Дооел Скопје. Откако ќе се пријавите за учество ќе бидете контактирани за следен чекор за уплатата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот