X
 04.07.2015 Живот

Мистеријата на сонот

Сите знаеме дека добриот сон е неопходен за подобра продуктивност и подобро здравје, но дури ниту експертите не се сосема сигурни зошто спиеме и колку сон е доволно.

 

сон


Едно од објаснувањата е дека мозокот во текот на спиењето се ослободува од штетните токсини. Истражувањата покажуваат дека додека спиеме, износот на церебро-спинална течност драматично се зголемува и телото го ослободува од штетните протеини, кои се акумулираат помеѓу мозочните клетки додека биле будни. Професор д-р Маикен Недергард од Универзитетот во Рочестер ја открил оваа појава додека ги проучувал глувците - тој за процесот вели дека е сличен како машинта за миење садови. Во текот на сонот, системот кој ја регулира церебро-спиналната течност, пумпа течност во мозокот и ја испумпува со голема брзина.

Во современиот свет, луѓето често не добиваат доволно сон за да бидат здрави и продуктивни, но докажано е дека субјективното чувство на „доволен сон“ е позитивно поврзан со зголемувањето на сивата мозочна маса, како и емоционалната интелигенција.

Постојат некои вообичаени заблуди поврзани со сонот, а ова се најчестите.

Потребни се осум часа сон

Идеалната количина на сон е различна кај сите луѓе и зависи од многу фактори вклучувајќи ги годините и генетиката. Неодамна е издвоен првиот ген задолжен за спиење и ако имате варијација на овој ген, потребно ви е повеќе сон отколку другите.

Одењето рано во кревет и раното будење се добри за здравјето и продуктивноста

Ова е можеби точно кога човечкото тело би било синхронизирано со природата, но со вештачката светлина променет е начинот на живот и работа и сега нашиот внатрешен часовник одредува што е рано, а што доцна. Успехот не зависи од тоа дали сакаме да стануваме рано или доцна. Познато е на пример дека Ајнштајн и Присли сакале да спијат до доцна.

Физичката активност помага да спиете подобро

Овде одлучувачки фактор е дневната светлина. Физичката активност често подразбира активност на отворен простор, што значи дека добиваме повеќе природна светлина. Изложувањето на сончева светлина ги синхронизира нашите биолошки часовници со циклусот на денот и ноќта, што влијае врз квалитетниот сон.

Она што е сигурно е дека употребата на лап топ и таблети пред спиење негативно влијаат врз сонот. Мариана Фигуериро од истражувачкиот центар „Lighting“ на политехничкиот институт Ренеселар и нејзиниот тим докажаа дека два часа користење на iPad пред спиење е доволно за да се намали нормалното ослободување од меалтонин, клучен хормон за нашиот биолошки часовник. Добра вест е дека утринската доза на светлина може да биде корисна во будењето. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот