X
 07.07.2015 Технологија

"GoPro" претстави нова камера после 9 години

„GoPro“ вчера ја претстави својата целосно нова камера - лесната водоотпорна „Hero4“. Ова е прва камера која ја добиваме од компанијата од 2006 година.


Новата камера на „GoPro“ во облик на коцка чини 399 американски долари, односно малку повеќе од 22.000 денари, а ќе биде достапна во поголемиот дел од светот на 12 јули годинава.

Новата „Hero4“ е двојно помала и 40% полесна од досегашната „Hero4“ во серијата. Камерата била дизајнирана за да биде многу поедноставна од останатите камери, односно има само едно копче со кое се започнува и завршува снимањето. Таа може да биде качена на предмети, велосипеди итн.

Компанијата се надева дека новата големина и тежина ќе ја направи новата камера попривлечна за професионалните спортисти. Камерата има и двојни микрофони со кои ќе се намали вревата од ветрот во снимките.

Нејзиниот облик овозможува таа да биде прикачена во секоја насока, а вградената технологија покажува која е најдобрата насока за сликање.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија