X
 07.07.2015 Култура

Што ќе се случи со Џон Сноу во новата сезона на "Game of thrones"?

Уште на почеток да напомениме дека доколку ја немате гледано последната епизода на „Game of thrones“ и по некое чудо сте ги избегнале сите спојлери на интернет, добро би било да не продолжите со читање на овој текст.

 

џон


Ни доаѓа една позитивна вест - на дебатата организирана во март на Oxford Union на која гости биле креаторите на серијата Ден Вајс и Дејвид Бениоф како и актерите Џон Бредли (Семвел Тарли) и Кит Харингтон (Џон Сноу). Во време кога била организирана оваа дебата се`уште се снимала 5 сезона и гледачите не ја имаа гледано последната епизода во која е убиен Џон Сноу.

Ова убиство предизвика голем број на теории за судбината на Сноу. Голем дел од гледачите не поверуваа дека креаторите на серијата толку лесно се ослободија од еден од главните ликови па врз основа на нивните претпоставки создадоја разни тези за тоа како Сноу ќе се врати во „Game of thrones“. На видеото подолу Харингтон, веројатно ненамерно, раскажува што би можело да се случува во 6-та сезона.

Кога некој од публиката го запраша кој лик од серијата би сакал да го глуми доколку не е Џон Сноу, Харингтон рече: „Би сакал да влезам во телото на некој од волците“. Со тоа потврди една од теориите за тоа дека Сноу за време на неговото убиство започна да се трансформира во неговиот волк Дух.

Иако публиката воглавно се насмеа на изјавата на Харингтон, на неа се надоврза Вајс кој изјави: „Имам само два зборови за вас. 6 сезона“. За жал се`уште не се знае дали Вајс само се шегуваше или намерно го откри потенцијално најголемиот спојлер за претстојната сезона. 

 

Делот во кој Харингтон зборува за трансформацијата е на 22 минута од видеото.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура