X
 08.07.2015 Култура

Километарски редици за кастингот за статисти на "Game of thrones"

Само кога помисливте дека на „Game of thrones“ повеќе не и` се потребни ликови, фотографиите кои кружат на интернет покажуваат дека повеќе од 3.000 фанови чекаат ред во Шпанија надевајќи се дека ќе станат статисти во 6-та сезона на серијата.

 

1


Според извештаите, 3.500 фанови се појавија во шпанските градови Тудела и Гирона на аудициите за статисти.

Екипата на „Game of thrones“ моментално ја снима 6-та сезона во Шпанија, а претходно снимаше близу Севиља кадешто беа употребени повеќе од 550 статисти.

Неодамнешните фотографии на кои се гледаат огромните редови во северно-источна Шпанија предизвикаа шпекулации дека овие луѓе ќе бидат потребни за претстојната борба на Денерис Таргериен.

Според повикот за кастинг, предност се дава на луѓето кои се слаби и со природна коса. Услов за мажите беше кратка и средна должина на косата, додека жените мораа да имаат долга коса за да бидат примени. Луѓето со тетоважи беа елиминирани од процесот на кастинг.

 

Доколку бидат успешни, ќе бидат потребни шпански статисти помеѓу 3 и 18 септември, а ќе им биде платено 50 евра на ден.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура