X
 08.07.2015 Живот

Момче нуди 10 илјади долари на оној кој ќе му најде девојка

Рен Ли Ју е 29 годишно момче од Бирмингам во Алабама кој одлучил да подари 10 илјади долари на оној кој ќе му овозможи состанок со девојка со која ќе има врска барем шест месеци.

 

состанок


Момчето дури отвори и страна,  DateRen.com откако во изминатите 10 месеци беше на повеќе од 30 неуспешни состаноци.

Луѓето кои сакаат да освојат 10 илјади долари ќе мораат да се регистрираат на неговата страна, да остават биографија и фотографија од потенцијалната девојка за него, кој е дипломец од Харвард кој работи како приватен советник за вложување на капитал.

„Прилично е едноставно. На овој начин штедам доста време кое би го потрошил на планирање на романтични излегувања и одење на лоши состаноци. Луѓето можат да заработат многу пари, а за мене ќе направат нешто што за пријателот би го направиле бесплатно“, вели Ју.

Момчето признава дека неговиот пристап не е класичен, но тоа го објаснува со зборовите: „Гледајте го ова на овој начин - ако работите 12 часа секој ден, како вие би сакале  да ги помините тие неколку часа? Сигурно не, седејќи во бар на состанок. Вака за мене барањето е уште позабавно“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот