X
 09.07.2015 Живот

Зграда која за изгледот ќе ги позајми облините на Бијонсе

Архитектонската фирма „Elenberg Fraser“ гради нов луксузен облакодер во срцето на Мелбурн, чии облини се инспирирани од никој друг туку од Бијонсе.

 

ззграда


Кулата која ќе биде висока 226 метри, и има 68 спрата е лоцирана на 134 Спенсер Улицата во Мелбурн и веќе е одобрена за изградба.

Се проценува дека за изградбата ќе бидат потребни 40 месеци, но се`уште не е откриен датумот кога ќе биде готова. Финалниот производ ќе има 660 станови, малопродажен простор и хотел со 160 соби.

„Овој проект е кулминацијата на нашето значајно истражување за тоа како да работиме со климатските ограничувања, па беше создаден преку користење на нови параметарски техники за моделирање“, пишува инвеститорот.

„Комплексната форма - вертикална конзола, е всушност најефикасниот начин за да се редистрибуира масата на зградата, со што ќе дава најдобри резултати во поглед на структурната дисперзција, фреквенцијата на осцилација и барањата на ветрот“.

А за оние кои се повеќе наклонети кон уметничката отколку кон научната страна, формата оддава почит на нешто поестетско. „Веруваме дека сте го гледале спотот на Бијонсе за песната Ghost“, пишуваат тие индицирајќи дека инспирација за облините на зградата се всушност облините на Бијонсе. 

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот