X
 10.07.2015 Забава

Како би изгледале 10-те Божји заповеди доколку би биле напишани од студенти?

1

 

10. Лебот и рибата се заменети со пица и чипс.


9. 10-те божји заповеди се всушност само 5, но бидејќи имаат двоен проред и се напишани со голем фонт, изгледаат како 10.

8. Забранетото овошје е изедено бидејќи не е храна од студентските домови.

7. Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните станува меилот на свети апостол Павле до Римјаните.

6. Каин го Убил Авел со причина: биле цимери.

5. Местото кадешто се случува крајот на светот, не се нарекува Армагедон, туку колоквиуми и испити.

4. Последната вечера би се изедела следното утро - ладна.

3. Причината поради која Мојсеј и неговите следбеници пешачеле низ пустина 40 години: не сакаа да прашат за насоки и да изгледаат како бруцоши.

2. Вавилонската кула ќе беше обвинета за услов за странски јазик.

1. Наместо Бог да го создаде светот за 6 дена и да се одмори на 7-от, тој ќе одложуваше се` до последната вечер, ќе останеше цела вечер буден и ќе ја завршеше работата, надевајќи се дека никој нема да забележи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава