X
 10.07.2015 Живот

Викенд временска прогноза



Во петок ќе можеме малку да здивниме од високите температури кои што ги имавме вчера и завчера. Ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито.

Во претпладневните часови услови за слаби врнежи од дожд ќе има во југозападните предели. Услови за слаби врнежи од дожд ќе има и во попладневните часови и тоа во делови од западна, југозападна и југоисточна Македонија.

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

Утринските температури од 14°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе опаднат и ќе достигнат до 22°C односно до 33°C.

Ув индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 21°C, а максималната дневна ќе достигне до 30°C. УВ индекс 8.

Во деновите од викендот ќе биде сончево и топло. Максималните температури ќе се движат во интервал од 24°C до 36°C. УВ индексот со вредност 8.

Во понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло со максимални температури од 26°C до 37°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот