X
 13.07.2015 Образование

Филозофијата во основните училишта кај децата го подобрува пишувањето, читањето и математиката

филозофија

 

Учењето филозофија во основните училишта може да го подобри англискиот јазик и математиката кај децата, тврди новото истражување. Научниците од универзитетот Дурам открија дека децата од маргинализираните урбани области би можеле да имаат корист најмногу од филозофските дискусии за темите како што се вистината, чесноста и знаењето.


Околу 3.159 ученици од 48 основни училишта во Британија учествувале во пилот истражувањето во кое им се подобриле нивните вештини за читање и математика во рок од неколку месеци. Се покажало дека развивањето на вештините е корисно за учениците кои доаѓаат од запоставените средини, а нивната способност за читање се подобри за четири месеци, додека нивните математички вештини се подобрија во рок од три месеци.

Во склоп на истражувањето се разговарало со наставниците и се утврдило дека подолгата годишна програма може да ја подобри самодовербата, трпението и самопочитта. SAPERE (Society for the Advancement of Philosophical Enquiry and Reflection in Education) ја разви програмата „Филозофија за деца“ која може да биде ефективен начин училиштата да помогнат во подобрувањето на перформансите на учениците.

Целта на програмата е да им помогне на децата да станат склони кон преиспитување, размислување, конструктивно аргументирање и соработка. Тест периодот кој го финансираше „Education Endowment Foundation“ на наставниците ќе им овозможи професионален тренинг кој ќе им овозможи да ја промовираат филозофијата кај 10 годишните деца.

„Филозофијата за децата направи огромна разлика во интеракцијата на децата. Тие сега на игралиштата можат да разговараат за разликите и да ги почитуваат туѓите мислења. Во училницата нивните идеи се развиваат и тие се подобро опремени за да го разберат начинот на туѓото размислување и со самото тоа прифаќаат дека сите мислења се правилни. Ова е доста важно за академската и општествената околина“, вели Алексија Фокс, наставничка во училиштето Хинд Хаус во Шефилд.

„Нашите резултати покажуваат дека часовите по филозофија имаат позитивно влијание кај учениците особено кај предметите како што е математиката, читањето и пишувањето. Ова позитивно влијае кај децата кои имаат одредени образовни недостатоци и е доста охрабрувачки“, вели Стивен Горард, професор на универзитетот Дурам.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование