X
 16.07.2015 Економија

Дали Олимписките игри ја уништија Грција?

grcija


Објектите изградени за Игрите во Атина, лежат напуштени, нечисти со пукнатини на подовите. Олимписките игри се доста скапи и тие можат да и донесат голема финансиска загуба за земјата-домаќин. Но, владите гледаат огромен меѓународен интерес и големи можности за трошење.

Колку Олимпијадата во 2004 година придонесе за сегашната очајна ситуација?

Уште пред игрите, постоеја прашања во врска со способноста на Грција да биде домаќин. Кога нацијата беше избрана во 1996 година беше вистински избор: домот на модерните Олимписки игри, исполнети со традиционални вредности и богата историја.

Нацијата помина седум години градејќи нов аеродром, нови стадиони, систем на подземна железница и трамвај услуги, но поголемиот дел од новите структури останаа затворени со скелиња, неколку дена пред да започне настанот.



Беше една од најтесните трки за тоа кој ќе биде домаќин на Олимписките игри, но Грција успеа. Предупредувачките знаци беа лесно отфрлени. Секогаш постоеја приказни дека олимписките организатори нема да бидат подготвени и секој пат, тие магично извлекуваат магичен и блескав настан.

Сепак, многу Грци останаа загрижени одржувајќи протести и изразувајќи загриженост за нивните бизниси. Но, беше предоцна. Олимпијадата се врати во Атина.

Грчкиот министер за финансии тврдеше дека ќе има голема економска корист од Игрите. Тешко е да се измери. Трошењето на инфраструктура и организација беше проценето на 8.5 милијарди евра, но Владата тврдеше дека голем дел од работата ќе има долготрајна корист и со тоа би се зајакнал туризмот.



Но, за разлика од Сиднеј, кој планираше идни настани во Олимпискиот парк, во Грција немаше уптореба на базените, стадионите и другите објекти, додека спомениците беа вистинско сведоштво
 на отпад.

„Нашата статистика покажува дека Олимпијадата во Атина го зголеми туризмот во Италија - луѓето кои бараа медитеранско сонце се обидуваа да ја избегнат Грција и да одат во Италија“, вели Марк Стујарт, од Училиштетот за економија, финансии и маркетинг на Ројалниот институт за технологија во Мелбурн.

Олимпијадата не ја банкротира Грција, меѓутоа дефинитивно не помогна


Пекинг и Лондон беа во состојба да апсорбираат огромна цена од последните олимписки игри, но веќе постојат стравувања во Рио дали Бразил е способен да биде домаќин за настанот следната година веднаш после Светското првенство. Навистина, можеби имаат некои објекти на место, но не доволно во Рио, кадешто се смета дека се прават најлошите подготовки за Олимписките игри. Настанот ќе значи дополнителни трошоци во земја во која многу деца живеат во сиромашни квартови, а затворскиот систем не може да ги задржи своите криминалци.



Се чини дека комитетот прави неодговорни одлуки за тоа која земја ќе биде домаќин на следната Олимпијада, меѓутоа не се размислува за тоа доволно.

„Поради слична причина можете да тврдите дека не е одговорност на компанијата која произведува токсичен отпад да ја зачувува околината, исто така комитетот не е нужно должен за финансискиот план на една земја“, вели Д-р Лентон.

„Тие го сакаат најдобриот настан, па одат кај оние кои ветуваат најмногу. Генерално, ако трошите повеќе, ветувате повеќе“.

Одговорот за Грција може да биде сосема спротивно од она што се чини мудро. Берлин предлага Олимписките игри да се одржуваат во родното место на античките Олимписки Игри.

Тоа ќе и` овозможи на земјата да започне да ги употребува стадионите и да ги задржи трошоците од настаните.

„Најдобриот начин да се намали политиката поврзана со наддавањето за мега настаните е да се алоцираат преку аукција, наместо да се користат непотребно лихварски методи кои се користат во моментот“, велат експертите.



Олимпиското село во Грција е најголемиот симбол на пустелија оставена од Игрите. Требаше да биде најголемиот развој за социјални станови во земјата, но постоеја контроверзии уште на почетокот со одложувања, прекумерно трошење и сомнителни методи за еколошки згради.

Денес голем број од домовите се запоставени, а продавниците, канцелариите и локалната болница се затворија. „Причината поради која Грција во моментот е во ваква форма е вкоренета во фактот дека ги организиравме Олимписките Игри“, вели еден од жителите.

Селото ги сумира проблемите на Грција. Владата започна да ги троши средствата од еврозоната за време на Олимпијадата и создаде позитивна слика за ситуацијата. Не се грижеше многу за слабата економија и справувањето со долгот, да гледа реално и да ги запре трошоците.

Во меѓувреме, таен извештај од ММФ покажа дека на Грција и` е потребно повеќе помош отколку што претходно се мислеше.
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија