X
 17.07.2015 Уметност

"The Monuments Men" - луѓето кои ја враќаа уметноста украдена од Нацистите

За време на Втората Светска војна, нацистичка Германија ја изврши најголемата кражба на уметноста во историјата.

 

spomenik


Предводена од нацистичкиот филозоф Алферд Розенберг и Работната група Рајхшлетер Розенберг, Нацистите украле над еден милион уметнички дела од цела Европа. Голем дел од ограбените дела беа наменети за музејот за Фирерот во Линц.

На барање на конзерваторот на уметност и резервист на морнарницата Џорџ Стоут, американскиот претседател Френклин Рузвелт ја создал програмата за споменици, ликовна уметност и архива (MFAA), со цел да се заштити културното богатство од насилството на војната и да се вратат украдените дела на вистинските сопственици.

Составена од 345 мажи и жени од 13 земји, таканаречените „Monuments Men“ ги претресуваа европските земји и бараа ограбена уметност и артефакти за време и после војната.

Генералот Ајзенхауер заповедал неговите сили да им помогнат на MFAA колку што можатк, без да ги мешаат нивните воени должности, како и да ги вложат сите напори за да ги заштитат спомениците од оштетување.

Двајца учесници во програмата биле убиени за време на должноста во март и април 1945 година. MFAA беше распуштена во 1946 година кога Стејт департментот ги презеде своите функции. 

 

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност