X
 18.07.2015 Живот

Дали бакнежот е универзален знак на љубовта?

Можеби мислите дека заљубените парови низ светот се бакнуваат, но тоа воопшто не е случајот.

 

1


Именo, истражувањата во врска со тоа како бакнувањето се доживува во различните култури, опфати 168 нации низ светот и се покажа дека само 46% од паровите, на бакнежот гледаат како на романтичен гест, со што е оспорено мислењето дека бакнувањето е универзален доказ за љубовта.

Од 10 култури кои биле проучувани во Европа, бакнежите учествувале само во седум, додека во Северна Америка бакнувањето само кај 18 од 33 култури. Во Јужна Америка ситуацијата е уште подрастична - од 33 проучувани култури бакнежи разменуваат само 4 култури.

Изненадувачки е тоа што на Блискиот исток романтичното бакнување било присутно во сите 10 култури кои се проучувале.

Научниците заклучиле дека перцепцијата „сите тоа го прават на ист начин“ раширена заради етноцентризмот од западот кој шири дезинформации дека романтично-сексуалното бакнување е универзална појава.

Во некои култури бакнувањето се смета за непријатно и одбивно, додека во ловечките заедници пронајдени се слаби докази дека бакнежите означувале романтично - сексуална наклонетост. Можно е нашите предци и воопшто да не се бакнувале како би покажале нежност и наклонетост.

Наместо тоа, можно е да служело за еволуциски цели, затоа што према холандските експерти, во текот на бакнувањето од 10 секунди, две личности меѓусебно пренесуваат и до 80 милиони бактерии,

Можно е и бакнувањето да се развило како начин на размена на бактерии и зајакнување на имунитетот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот